Автор Тема: Изгорена ламела, Seat Leon 1.9 TDI 77kw  (Прочитано 1759 пати)

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Изгорена ламела, Seat Leon 1.9 TDI 77kw
« на: 27 Август 2020, 17:03:26 pm »
Еден мој другар ја изгорел ламелата, вместо со високи обртаи на угорница (немал избор).
Се работи за Seat Leon 1.9 TDI 77kw. Е сега прашањето ми е, која е вашата препорака, да се смени комплет замаец, ламела, потисна, рук лагер - цел сет, или нема потреба да се смени само ламелата?

Друго прашање, гледав на setkvacila.rs има Sachs i Luk, од таму е ок да се земи или има тука во мк добри?
Luk од setkvacila се поскапи, вреди да се плати 50еур повеќе или океј се и Sachs?
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Изгорена ламела, Seat Leon 1.9 TDI 77kw
« Одговори #1 на: 27 Август 2020, 17:22:51 pm »
Кога веќе ќе се отвара мењачот, мој совет е нека смени се да биде на чисто.
Сет квачила се пофалени на форумов и има доста луѓе што нарачале од таму и дале препорака, и јас кога би требало од таму би земал.
Luk vs Sachs било кое од двете, нема да згреши.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Изгорена ламела, Seat Leon 1.9 TDI 77kw
« Одговори #2 на: 27 Август 2020, 19:37:19 pm »
Ајде тука да ја плеснам мојава постара прича :)

Некој месец откако го купив Типото со 120.000 км, ми прошлајфува ламелата, зуеше малку и друк лагерот.
Се договорив со Мирко (Ѓорче) и си купив според сообраќајна сет (не се сеќавам што марка) од една продавница во близина (среќа).
Ми се јавува Мирко дека друк лагерот не одговара. Трк до продавница, тој ми вели немогуче.
Скокнавме заедно до Мирко (се познаваат) и ги споредуваат лагерите. Излезе дека друк лагерот што беше на Типото го има во продавницата но се води како за Пунто.
Инаку кај Мирко го одржував Југото со кочници, плус претходно направи ревизија на кочниците на самото Типо.

И сега као што правиме..., Мирко ми препорача друк лагерот од "Пунто" да го купам, ламелата он да ја нитува, и да ја оставиме оригиналната потисна бидејки според него била во одлична состојба.
Не ми беше многу по кеиф, ми делуваше некако крпено, но од друга страна немав причина да не му верувам на Мирко, и ја прифатив неговата препорака.

Наредни 80.000 немав никаков проблем, така и ја продадов колата.


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Изгорена ламела, Seat Leon 1.9 TDI 77kw
« Одговори #3 на: 27 Август 2020, 19:43:42 pm »
@darkserial битна работа е дали е изгорена само ламелата, или топлотна промена дожвиеале и потисната и замаецот. Во случај на SMF замаец, може да се обработи на дребонг, а и потисната може да се обработи, но и онака ќе се купува цел сет (потисна, друклагер и ламела), па од тие причини не би идел на обработка на потисната, не дека нешто ќе ѝ фали, ама нема да ушпара ни 100-тина евра, а ќе има нов сет.
DMF по правило е многу тешко да се обработи на дребонг, пошто има еластичност, но мислам дека имаше некоја фирма тука кај нас, ми рипаат реклами на фб, френткс мислам се викаше, што прави разни репарации на фрикциони делови. Може да се обрати таму за совет...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.