Автор Тема: Дистанцери или главини?  (Прочитано 4762 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Дистанцери или главини?
« Одговори #30 на: 07 Август 2020, 07:49:41 am »
А се менува главина без да мениш и лагер на вектрава?
Џабе 17-ки кога на превои со спаркој ќе те престигнуваат.

Ако ти е за изглед стави му борија, поефтино е, и две тркачки ленти.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Дистанцери или главини?
« Одговори #31 на: 07 Август 2020, 08:29:38 am »
Ај сега по ред:
Си купил бандаши од Вектра, на која пасувале, сега ти не можеш да ги упасуваш на твојата.
Веројатно главчини менување не е дака едноставна работа и може да те кошта поприлично.
Оние Вектри кои 5x110 наместо 4x100, веројатно имаат различни полуосовини, па веројатно ќе треба да ги менуваш во најмала рака надворешните хомокинетички зглобови на полуосовините и лагери за тркала. Успут ќе треба да правиш и некое прилагодување за да ти упасираат на рукавците (или да земеш цели рукавци од 5x110). Најодбра варијанта е да појдеш кај некој растурач, да ги видиш сите разлики пред да тргнеш во тој правец. После тоа, ќе треба и дисковите да да се сменат, централниот отвор на 5x110 главчините веројатно е различен од тој на 4x100, па нема да можеш истите дискови ни со бушење дупки да ги користиш. Koga ќе земеш дискови 5x110, веројатно се предвидени за поголеми шепи, па ќе треба и шепи на кочници да смениш. За задните тркала, веројатно имаш добоши, a 5x110 имаат дискови. Дури и поголема заебанција, гарант треба цели рукавци да смениш за да упасираш задни шепи, а богами и со рачната кочница ќе треба да се заебаваш. Ќе те кошта 3-пати повеќе од бандашите.
Дистанцери или адаптери може да ти помогнат, квалитетни нови алуминиумски се повеќе стотици евра (околу 100е за пар, а може и повеќе), може да ги праиш и на дреар од железо, ама пак без 100-150е нема да поминеш, освен ако татко ти е дреар. И тука, проблем е ET на бандашот, ако бандашот добро личел на вектра со 5 штрафа, рачунај дека адаптерот/дистанцерот ќе треба да биде барем 2цм (за да може да има дупки за 4x100 da gi zaштрафиш на твоите главчини, и да може да држат штрафови за бандашите). Ако бандашите личеле добро на вектрата од која што си ги купил, кога ќе ставиш дистанцери/адаптери, на твојата нема да личат затоа што ќе „излегуваат“ надвор од крилото цели 2цм. Тоа може да биде лошо, затоа што може да ти допираат на полумесеците (доколку се здрави, јер опел - нели :) ) и да ги кинеш гумите или да ги оштетиш полумесеците.
Најдобра и најбезболна варијанта е, да се потрудиш да ги продадеш тие бандаши и да си земеш соодветни 4x100 за твојата кола. Со соодветен ET и Ј и централен отвор, претходно консултирајки некои веб страни да знаеш во кој ранг може да се движиш со ЕТ и J димензиите.

Еве овде сликовиот може да си доловиш што се случува со офсетот и димензијата на бандашот и гумите:
https://tiresize.com/wheel-offset-calculator/

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Дистанцери или главини?
« Одговори #32 на: 07 Август 2020, 09:27:38 am »
Процедурава ќе кошта повеќе од Вектрата. :D

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
    • ibiz.mk
Одг: Дистанцери или главини?
« Одговори #33 на: 07 Август 2020, 09:49:34 am »
кога веќе цел труд вложуваш, стави му некои ебачки големи тркала. истa работа/труд ке видиш :D



како што спомнаа горе му се наручува предвидена геометрија дури и со 2cm+2cm дистанцери.
плус кај нас тешко да најдеш квалитетни дистанцери, и да најдеш со дистанцери се прави терет на останати делови

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Дистанцери или главини?
« Одговори #34 на: 09 Август 2020, 17:01:17 pm »
И, што бидна?

Отсутен filipbmkd

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
  • OPEL POWER!
Одг: Дистанцери или главини?
« Одговори #35 на: 11 Август 2020, 15:15:02 pm »
И, што бидна?
Go prasav opel eto, vika glavicni, polu osovini diskovi sve treba da menjas da ti gi dadam polovni 450/500e ke te kosta ama ne mi se isplati ke staam nekoi 16ki so 4 strafa bolje a ovie ili ke gi cuvam ili ke gi prodadam ako iam prilika ako ima nekoj zainteresiran 215/40/r17 so gumi 5x110 8j, et 35 so 42 neka pise .
Fala vi decki za pomosta  ;D