Автор Тема: Хјундаи сервис  (Прочитано 3434 пати)

Отсутен Abertzale

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Хјундаи сервис
« на: 30 Април 2020, 11:39:39 am »
Со оглед на тоа што Ми-Да Гранд Моторс станаа застапници на Хјундаи од 2020, се отвара прашањето каде да се сервисира Хјундаи. Кореа Ауто Трејд или Ми-Да? Кореа Ауто Трејд најавија дека до крајот на 2020 ќе продолжат да ги сервисираат Хјундаи, но Ми-Да исто така сервисира Хјундаи возила. Дали се истите сервисери останати во Кореа Ауто Трејд или некои преминаа во Ми-Да? Која е попаметна опција (ако има попаметна опција)?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Хјундаи сервис
« Одговори #1 на: 30 Април 2020, 12:11:15 pm »
До 31 Декември 2020 Кореа ќе сервисираат со уважување на гаранцијата.
До пред некој месец, сите беа на зборно место во сервисот :)

Гаранцијата на i30 ми истекува наредна година во Јуни и ќе продолжам со сервис во Кореа.
Кај МИДА ќе ми биде под гаранција од Јануари до Јуни во 2021. Тоа значи само 6 месеци кај нив, недоволно да менувам сервисер.
« Последно менување: 30 Април 2020, 12:21:46 pm Mikius »

Отсутен Abertzale

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Хјундаи сервис
« Одговори #2 на: 30 Април 2020, 12:23:15 pm »
Се работи за прв сервис затоа е малку поголема дилемата :-)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Хјундаи сервис
« Одговори #3 на: 30 Април 2020, 12:32:51 pm »
Фати си го редот кај Мида.

Отсутен Abertzale

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Хјундаи сервис
« Одговори #4 на: 30 Април 2020, 12:35:41 pm »
(y)
Зезнаа работа со ова префрлањево ама тоа е. Изгледа во Ми-Да ќе одам, пологично е.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Хјундаи сервис
« Одговори #5 на: 30 Април 2020, 14:10:20 pm »
Ништо не е зезнато, информирај си се убаво за гаранцијата и терај си. Тоа е најважното.

Отсутен Abertzale

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Хјундаи сервис
« Одговори #6 на: 30 Април 2020, 14:42:23 pm »
Според ова што го гледам, поделбава не била баш џентлменска. Кореа Ауто Трејд ја задржале Хјундаи страницата на Фесјбук, па Ми-Да морале да прават нова. Истото е и со сајтот - има hyundai.mk а исто така и hyundai-mk.mk (новиот на Ми-Да).
А за гаранцијата не ми текна. И тоа ќе треба да прашам.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Хјундаи сервис
« Одговори #7 на: 30 Април 2020, 15:30:37 pm »
И да направиш сервис до 31 декември 2020 во Кореа, гаранцијата ќе ти важи и во Мида.

И да направиш сервис во официјален хјундаи сервис во било која држава, гаранцијата ќе ти важи во Мида.

Гаранцијата ти важи и во Кореа, но се до 31 декември 2020.

Бидејки ти е прв сервис, фати си го редот во Мида за да нема "рекла казала" во наредните години.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Хјундаи сервис
« Одговори #8 на: 05 Мај 2020, 09:05:29 am »
Вие другите што не планирате да продолжите во овластен, распрашајте се каде ќе одат мајсторите од старото Хјундаи, и дали ќе отвараат свои сервиси... Ако ви се допаѓа како ви ја чепкале колата, секако :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Хјундаи сервис
« Одговори #9 на: 05 Мај 2020, 12:30:36 pm »
Никаде не одат. Си останува сервисот на Хјундаи, стариот на исто место.
Нов има во Ми-Да кој сака.


Отсутен tdejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Хјундаи сервис
« Одговори #10 на: 03 Ноември 2020, 07:56:57 am »
здраво, препорака за локален сервисер за Хјундаи? Имаше еден во Аеродром кај МП бензинската или некој друг? Се работи за одржување на постаро возило, ама сакам да е Хјундаи ориентиран сервис бидејќи одев кај “универзален“ сервисер ама за секое делче приказната е оди барај, најди си сам итн...
фала ви

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Хјундаи сервис
« Одговори #11 на: 03 Ноември 2020, 08:52:42 am »
Poveke od serviserite ostanaa vo KAT. Taka da za von garancija ako e bi bile ok servis. Jas bev zadovolen od niv.

Za nova i jas bi pocnal vo MIDA.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Хјундаи сервис
« Одговори #12 на: 03 Ноември 2020, 09:06:49 am »
@tdejan Мој поранешен комшија имаше Елантра и ја сервисираше некаде таму во Аеродром кај што велиш ти и беше многу задоволен од мајсторот, се надевам некој ќе ти даде контакт или локација на сервисот
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен tdejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Хјундаи сервис
« Одговори #13 на: 16 Ноември 2020, 12:48:58 pm »
@Filip MK фала ти. до сите, брат ми го однесе Гец-от во Аеродром (мислам дека сервисот се вика АЛСИ или слично) и многу задоволен од односот и поправката и цената (имаше зафат на подвозје мислам). Така да, уште една препорака за нив.

Отсутен tdejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Хјундаи сервис
« Одговори #14 на: 23 Ноември 2024, 21:26:07 pm »
дечки здраво. таксист ми препорача Хјундаи сервис во Припор, на последна 24ка, човекот се викал Горан. Дечково не го носеше телефонот, па некој случајно да го знај сервисеров, телефон?