Да го преставам и новото, полуприватно-полуслужбено
возило, Skoda Kamiq 1.0 TSI. Сум го возел 1.0 TSI моторот доста досега, но првпат ќе го користам како секојдневно возило, па ќе пренесам и овде импресии.
Затоа што секако возилото се правеше по нарачка, опремата ја направив како што јас мислев дека треба. Му ставив дополнително 18ки фелни, Dynamic пакет (спортски седишта, црн плафон внатре, спортски волан, алу педали), фабрички затемнети стакла, TOP LED задни светла и уште неколку ситници. На некој начин, инспириран од Karoq-от на
@Lhasa Green , си направив моја варијанта на Kamiq Sportline
Моментално возилото има поминато 200км, требаше досега да има барем 1.500, но ситуацијата е таква каква што е
Засега можам да забележам дека моторот одлично ја носи каросеријата, а менувачот има нешто подолги степени од тоа што сум навикнат досега кај бензинец, но мислам дека на првото подолго патување ќе се навикнам.
Во прилог и некоја слика: