1. Кршот од возила не прави голема разлика, барем кај нас, провери каде сакаш.
2. Лајна за ѓубре автобуси што се исподонесоа, на цела фабрика за автобуси кај нас, е очигледно што е работата. Ќар. И тоа за поединци.
3. Горивото е скапо, ама на друго место е поскапо.
4. Таксистите си земаа замав и им се може. Ќар до плафон.
5. Мерачи се поставени... Е добро де. Така треба.
-ОТКОГА СЕКОЕ ПАРКЧЕ СЕ ПОСРА. Е тука лежи мачорот. Значи за да се пропере некое паруле се испокасапи све живо и диво. Се исподигаа гомна од згради без грам паркинг или место за дрвца. А се посекоа најмасивните дрвореди. Едно единствено дрво складира околу 10кг јаглерод годишно. Еден стар даб има просечна листна површина од 1300м2, а ние ги посековме двата најголеми дрвореди во Скопје. Останува да си извадиме по 5-6 ребра за да си го лапнеме...
1. Не знам каде да проверам, ама неможе да не прават 100.000 увезени возила кои не задоволуваат еко-стандарди. Зошто не се сетија да субвенционираат при купување НОВО возило? ЗОшто нема олеснување или возила без данок, акциза за хибридни возила или возила кои задоволуваат еуро5? Затоа што на сиромавиот можеш најбргу и најлесно да ќариш.
3. Горивото е поскапо на друго место, ама колкав процент од платата двоиме ние за гориво а колку другиот?
4. Да беше до таксистите не ми се верува дека ќе си удреа секира во грб и да си намалат промет и да ги изгубат муштериите во автобуси. Се сложувам дека такси превозот е секаде луксуз, ама се сложувам дека ако плаќам луксузно треба и да го добијам истиот. Премногу такси-возила има во Скопје и тотална неорганизираност, за такси-културата не би зборел пред доручек.
5. Далеку од тоа дека не треба да има мерачи. Така и треба. Само го поврзав тајмингот на поставувањето со претходните промени.
А за парковите. Секој ден шетам низ Аеродром со малиот. МИслам дека единствените паркови останаа таму и чат-пат во карпош 3-4. И секој ден само тоа проколнувам: крв да просере ако на некој некогаш му текне тие површини да ги зацементира.