Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 595413 пати)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1665 на: 28 Октомври 2015, 14:22:42 pm »
Јас познавам лично дечко што работи во Швајцарија нешто поврзано со нуклеарна централа и лапа над 10000 месечно и пак не е задоволен од животот таму и упорно ми тврди дека не е се во парите...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1666 на: 28 Октомври 2015, 14:27:52 pm »
Дефинитивно не е се до парите. За жал мнозинството мисли дека парите се основен параметар за да некој биде задоволен од работата! Но не е така! Многу е побитно работата да го исполнува работникот, времето на работа да му поминува брзо и дома да се враќа со чуство на исполнетост, т.е. дека нешто корисно направил тој ден. Секако треба човек да има доволно пари за да си ги овозможи основните услови за живот, без тоа секако ќе биде несреќен и незадоволен. Или сублимирано, немањето пари е предуслов за човечка несреќа, но имањето пари не е предуслов за среќа!

Што се однесува до дечкото што работи во Швајцарија, дали се вика Душко?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1667 на: 28 Октомври 2015, 14:35:32 pm »
Да!

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1668 на: 28 Октомври 2015, 14:35:38 pm »
Ама закони за горење ѓубре и отпад и сега има. Само што не се спроведуваат.
Целата кривица не е во тие што не ги исполнуваат обврските за спроведување на законите.

Крстење во законите е изгубена битка. Уште од почеток. Затоа што тие што го трубат тоа, не го применуваат во секојдневниот живот.

Погрешна ти е тезата, дека некој треба од совест да применува одредени стандарди. Не е дотаму дојдена на еволуцијата на човековото општество. Дел од луѓето прават (правиме) така, но што со тие што не ги почитуваат поставените стандарди?
Епа затоа постојат законите. И затоа се е џабе ако законите не се спроведуваат.

Еве ти го мојов пример. Само што ставив три инвертор клими дома, две за мене и една за стариве. За камин на дрва, уште стои несреден агол во салонот - не ставам, пошто ниедна опција не ми ги задоволува моите лични стандарди за ефикасност на согорување (и мрза за чистење оџаци).

Како и да е, окулу мене има десетици и десетици куќи кои се греат на дрва - во печки со очајно лошо согорување. Затоа што купиле ретардирано предимензионирани печки, на пример 18киловати за просторија на која и требаат ~5 киловати. И кога ќе ги распалат како што треба да горат за да бидат ефикасни (60% максимум), внатре им е потопло одколку во финска сауна. Пошто наместо 5киловати, добиваат 18киловати.

И што прават тогаш?
Епа намалуваат доток на воздух (кислород) во горилникот, и со тоа ја намалуват топлинската моќност. Но така согорувањето иде на ефикасност под 90% а ОСТАНАТИТЕ ДЕВЕТ ДЕСЕТИНИ ИМ ИЗЛЕГУВААТ НИЗ ОЏАК.

Епа џабе што јас се греам на клими со A++ eфикасност, кога не смеам да отворам прозор. А низ вентилацијата секако ми влегува скопски смог.

Затоа бачка не ми зборувај дека „крстење во законите е изгубена битка затоа што тие што го трубат тоа, не го применуваат во секојдневниот живот“. Дали јас го применувам тоа или не, сеедно е кога мнозинството не го почитува законот.
Но ако законите се применуваат, мнозинството набрзо ќе разбере дека е многу неисплатливо да штедиш преку согорување гуми, прегорено моторно масло, и разно ѓубре. Законите не се оставаат на совеста, тогаш би биле препораки а не закони. Законите мора да се спроведуваат, а тоа е обврска на државата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1669 на: 28 Октомври 2015, 14:40:19 pm »
Греење со клими кои се 3 пати поефикасни од стандардно греење сеуште е непознато кај нас.

Крадени дрва, прегорено уље и гуми се сеуште најефтина опција за греење.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1670 на: 28 Октомври 2015, 14:40:26 pm »
Во контекст на последните два поста на Гојде и Ахтунг.

Лани брат ми доби бонус од работа колку речиси пола моја годишна плата.
НО, секој викенд кенка дека сака да се осети како човек, слободен и исполнет, да истражува нови работи, да учи работи кои имаат смисла, да чепка работи кои нему му прават ќеф. Ама темпото со кое работи, едноставно нема време да прдне за негов ќеф. А тоа му дејствува доста демотивирачки, особено кога за најблизок пример ме има мене.  :D

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1671 на: 28 Октомври 2015, 14:45:35 pm »
Во контекст на последните два поста на Гојде и Ахтунг.

Лани брат ми доби бонус од работа колку речиси пола моја годишна плата.
НО, секој викенд кенка дека сака да се осети како човек, слободен и исполнет, да истражува нови работи, да учи работи кои имаат смисла, да чепка работи кои нему му прават ќеф. Ама темпото со кое работи, едноставно нема време да прдне за негов ќеф. А тоа му дејствува доста демотивирачки, особено кога за најблизок пример ме има мене.  :D


Нека инвестира, а потоа нека се пензионира на 50 години, и потоа нека не работи веќе никогаш во животот, и нека ги помине последните 30 години од животот малку подобро од бог.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8960
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1672 на: 28 Октомври 2015, 14:46:06 pm »
Греење со клими кои се 3 пати поефикасни од стандардно греење сеуште е непознато кај нас.

Крадени дрва, прегорено уље и гуми се сеуште најефтина опција за греење.

бидејки овде е уште средина на 20ти век за некои работи.  

како и во се друго така и во греењето и ладењето, колку повеке ке инвестираш толку и ке добиеш

знам дека неможе секој да си дозволо ама треба да има некој стандард, посебно за Скопје каде поради разно разни причини нема добро струење на воздух. Тој стандард треба да го постави ебаната држава и да го помага бидејки се расфрла со субвенции за барокни фасади може да даде субвенции и за:

- инвестирање во изолација на куќи и згради
- субвенција во инвестирање на нови типови на системи за греење и ладење
- субвенција за еколошки горива

а не да субвенционира гипс картон барок


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1673 на: 28 Октомври 2015, 15:00:06 pm »
Сериски поставени вентилатори на секои 249 метри по течението на Вардар, со дијаметар од 10 метра, од двете страни на реката кои ќе дуваат ветрови со 20кмч 24/7

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8960
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1674 на: 28 Октомври 2015, 15:01:45 pm »
ветер на Вардар не врши работа доволно, смрдеата не доага од таму

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1675 на: 28 Октомври 2015, 15:03:01 pm »
Сериски поставени вентилатори на секои 249 метри по течението на Вардар, со дијаметар од 10 метра, од двете страни на реката кои ќе дуваат ветрови со 20кмч 24/7
Казни за загадување, поефтинување на струјата и гасификација.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1676 на: 28 Октомври 2015, 15:07:50 pm »
Сериски поставени вентилатори на секои 249 метри по течението на Вардар, со дијаметар од 10 метра, од двете страни на реката кои ќе дуваат ветрови со 20кмч 24/7
Казни за загадување, поефтинување на струјата и гасификација.

Вака може, али по обратен редослед.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1677 на: 28 Октомври 2015, 15:08:44 pm »
Ако е така ќе треба затворски да бидат.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1678 на: 28 Октомври 2015, 15:15:24 pm »
И требa дa бидaт, тoa е злoделo прoтив чoвештвoтo.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13931
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #1679 на: 28 Октомври 2015, 15:20:23 pm »
Гасификација И/ИЛИ задолжително поставување на филтер на секој оџак кај куќите.

Нема друго чаре.