Автор Тема: Препорачајте гаража за LPG Мапирање(Тјунинг) во Скојпе ?  (Прочитано 4101 пати)

Отсутен spamalot

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Здраво,

Имам ставено плин на кола со 10.000 км пред неколку месеци, и од тогаш направив околу 5000 км и почна да се пали check engine индикаторот. "Мајсторот" што го местеше плинот ме убедува дека е затнат EGR вентил затоа што кодот на грешка покжува високи издувни касови, но секој малку што размислува знае дека тоа нема смисла. Јас мислам дека ECU мапирањето на плинот за палење и мешавина на кислород и гориво не е ни чепнат од како што си дошол од фабрика, и дел од горивото останува не согорено, па сензорот кај EGR вентилот го детектира како загадени издувни гасови.

Ми треба препорака на мајстор сто знае вистински да мапира/тјунира LPG систем за правилно и ефикасно работење на колата.

Системот е Lovato, ако тоа игра некаква улога.

Ако нема такви мајстори, се мислам да си порачам кабел од али ехпрес и да си го направам сам :D, веке го најдов софтверот на Lovato за мапирање. Што мислите за таа идеа, дали некој се обидел веке ?


Отсутен spamalot

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Оди во Плимонт

Плимонт работат со Ловато ?

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2582
Prvo sto 90% od plinarite ke ti kazat e deka ne ti cini kolata, stara prica.


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6076
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Јас мислам ништо нема да смениш со прештеловање на плинот. Најверојатно составот на издувните гасови е поразличен со плинот, па бега од границите на тие со бензинот, и свети чекот.  :-\

Сега брзо на две коли што ставија плин, по некое време чек енџин светна, и така остана.

Отсутен spamalot

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Јас мислам ништо нема да смениш со прештеловање на плинот. Најверојатно составот на издувните гасови е поразличен со плинот, па бега од границите на тие со бензинот, и свети чекот.  :-\

Сега брзо на две коли што ставија плин, по некое време чек енџин светна, и така остана.

Колку што знам плинот согорува подобро и издувните гасови треба да бидат почисти а не повалкани, ама сепак тоа се мои претпоставки, не сум експерт, има добри шанси и да грешам :D
Единствено што ми има смисла е да не го согорува горивото добро

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6294
Мислам дека е нешто поврзано со некоја сонда.. Кај мене на плин кога го возам полека (на ниски обртаи) ми се вклучува чекот.. Ќе го извозам малце побрзо и ќе прекини да свети..
Додека на бензин доволно е да го повозам 2/3 км и све си е нормално ништо не свети..

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Оди во Плимонт

Плимонт работат со Ловато ?
Да работат.

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6076
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Колку што знам плинот согорува подобро и издувните гасови треба да бидат почисти а не повалкани, ама сепак тоа се мои претпоставки, не сум експерт, има добри шанси и да грешам :D
Единствено што ми има смисла е да не го согорува горивото добро

Нема врска дали се почисти или повалкани издувните гасови, мислам дека ламбда сондата мери кислород, и тој треба да биди во одредени граници, па сега ако не останува доволно или е над границите кислородот во издувот, ќе светни чек енџинот. Е како согорува плинот, појма немам јас, а можи и мојава претпоставка се чисти глупости па ако има некој постручен нека разјасни.