Здраво,
Имам ставено плин на кола со 10.000 км пред неколку месеци, и од тогаш направив околу 5000 км и почна да се пали check engine индикаторот. "Мајсторот" што го местеше плинот ме убедува дека е затнат EGR вентил затоа што кодот на грешка покжува високи издувни касови, но секој малку што размислува знае дека тоа нема смисла. Јас мислам дека ECU мапирањето на плинот за палење и мешавина на кислород и гориво не е ни чепнат од како што си дошол од фабрика, и дел од горивото останува не согорено, па сензорот кај EGR вентилот го детектира како загадени издувни гасови.
Ми треба препорака на мајстор сто знае вистински да мапира/тјунира LPG систем за правилно и ефикасно работење на колата.
Системот е Lovato, ако тоа игра некаква улога.
Ако нема такви мајстори, се мислам да си порачам кабел од али ехпрес и да си го направам сам
, веке го најдов софтверот на Lovato за мапирање. Што мислите за таа идеа, дали некој се обидел веке ?