Автор Тема: Nissan Qashqai 1.5dci 2007-2011 Iskustva i soveti  (Прочитано 20845 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10035
Одг: Nissan Qashqai 1.5dci 2007-2011 Iskustva i soveti
« Одговори #30 на: 05 Септември 2019, 21:20:07 pm »
Филтер за гориво за мојот меган2 беше преку 6.000, потоа 5.500, последниот пат беше 4.500.

Душа ме болеше.

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 271
Одг: Nissan Qashqai 1.5dci 2007-2011 Iskustva i soveti
« Одговори #31 на: 05 Септември 2019, 22:54:39 pm »
@Angel Skopje ефтино одржување? ;D

Чекај.... чекај. Рече 2008-ма?
Јади леб и вода од нова година, парите ќе ти требаат ;)

да видиш dci колку е ефтин за одржување.
Не го ставај у дилема човеко утре да ја става на реклама 5 😁,еле имаше и ти 1.5 дци 2008,шо биде  арен ли е? 😂

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
Имам два dci утепано од возење
Службено кангу и од дедото модусот и двете 1.5dci исто без DPF
Пред да го купам бев за секој случај да си проверам цени за деловите за овој 78kw мотор
Пак ќе кажам мал и голем (редовен) сервис со работна рака 4000 а имаше и за 3000 ме кошта 16000 денари, само да се погоди моторот и тоа е друго не му се секирам  ;)
p.s.совршена кола која не се расипува и која се одржува за ич пари не постои,
да имав кеш ќе купев нова од салон, ќе биде еден ден, здравје само  8)
Поздрав

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2102
Одг: Nissan Qashqai 1.5dci 2007-2011 Iskustva i soveti
« Одговори #32 на: 06 Септември 2019, 09:00:29 am »
Јас филтерот за гориво (со куќиште) го платив 1900 ден (кај Митревски), сервисот (мал и голем) ми се поевтини од Голф 5-ката што ја имав, а за тоа друго @Tischläufer што зборува (пластикарии, цревца и сл) се надевам нема да ме задеси  :), инаку @riki_staff и јас си го сакав Фиат-чето, и да се задеси некој проблем, многу евтино се отстранува, за редовното одржување (сервиси и сл) да не зборувам.... со Сеник-от 1,5 дци 78 кв имам скоро 9.000 км поминато од април месец (поминато 4.000 км од последниот мал сервис во јуни) и да не го подречам, капка масло нема да потроши, дури малко ме изненади што маслото кога го сменив не потемне одма како катран (како кај Грандето).
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6076
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Nissan Qashqai 1.5dci 2007-2011 Iskustva i soveti
« Одговори #33 на: 06 Септември 2019, 09:34:01 am »
Има два филтри за гориво, со и без сензор за вода. Тој со сензор е малку поскап ама далеку под 6000ден, освен во официјален ако сте ги менувале филтрите.
До 3000ден одат најскапите.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5635
Одг: Nissan Qashqai 1.5dci 2007-2011 Iskustva i soveti
« Одговори #34 на: 06 Септември 2019, 11:07:54 am »
Разликата е само 200 денара,некаде е иста цена.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5635
Одг: Nissan Qashqai 1.5dci 2007-2011 Iskustva i soveti
« Одговори #35 на: 06 Септември 2019, 11:40:26 am »
Јас филтерот за гориво (со куќиште) го платив 1900 ден (кај Митревски), сервисот (мал и голем) ми се поевтини од Голф 5-ката што ја имав, а за тоа друго @Tischläufer што зборува (пластикарии, цревца и сл) се надевам нема да ме задеси  :), инаку @riki_staff и јас си го сакав Фиат-чето, и да се задеси некој проблем, многу евтино се отстранува, за редовното одржување (сервиси и сл) да не зборувам.... со Сеник-от 1,5 дци 78 кв имам скоро 9.000 км поминато од април месец (поминато 4.000 км од последниот мал сервис во јуни) и да не го подречам, капка масло нема да потроши, дури малко ме изненади што маслото кога го сменив не потемне одма како катран (како кај Грандето).
Јас 16.000 поминав со фиато па капка не фалеше 😊

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Nissan Qashqai 1.5dci 2007-2011 Iskustva i soveti
« Одговори #36 на: 24 Јуни 2020, 12:46:45 pm »
полека другари, полека  ;)
сакав само да кажам дека нема никој (тука присутен на темева) искуство со истото возило,
па си кажав сега лично мое искуство  :)
инаку нити се имав возено ниту сум возел пред да ја купам, и не е никаква јака кола ниту луксуз  ;)
поздрав  :)

Дури сега ја забележувам темата.

Јас возам Кокошарник од крајот на 2009. (надимакот воопшто не ми смета, баш ми е некако симпатичен), 1.5 dci. До сега имам поминато околу 220 илјади километри. Живеам во с. Долно Соње и бааги дупк, калови и снегови видел кокошарникот.

Откако е купен, спонтано откажало до сега:

- еден држач за мотор (горниот) после опињање еден кратер со 60 км/ч (заради мое невнимание)
- една главчина позади десно. Комплетно спонтано, на аутопут почна да испушта звук. Веројатно била онадена некаде претходно, па и дошол крајот.
- тркалото унутра у моторот (појма неам како се вика жаргонски) на кое е каишот за сервото.
- моторот на вентилаторот за внатрешноста. Е, со ова видов мака дур најдов нов, башка требаше да се растура унутра колата. Ме чинеше изненадувачки многу (не се сеќавам точно колку)
- се изљупи „хромот“ на внатрешната рачка од совозачката врата.
- едно време откажа дугмето за 4 жмигавци, ама после месец-два само од себе се поправи :-) и еве го работи

Лани колаа почна да сецка, но само кога е загреана. Некаков си регулатор на довод за гориво. Мајсторот го извади тој регулатор, го издува со компресор, го врати и рече нема потреба да се менува. Куц куц у дрво, не се повторило.

Дополнително, од пред отприлика еден месец се појави некој безвезен звук што потсетува на звук од мааало, мало дупче на ауспух. Многу, многу, многу ме нервира. Ништо чудно да сум го онадил некаде, па со време фатило корозија и се појавило дупче. Појма неам, не сум видел. Теба да ја носам на мајстор, ама заради ковидов чека. Иначе, колата влече и троши најнормално.

Ваљда нешто не заборавив, 10 години и многу километри поминаа.

2 пати имам менувано акумулатор (превентивно, не ме оставила никаде колата)

Го трошам четвртиот сет летни гуми и вториот сет зимски.

Што се однесува до редовните сервиси, правам све „по книга“ ОСВЕН гумици на балансштангла и стабилизатори напред. Нив редовно ги менувам на секој сервис, воопшто не ни гледам дали биле добри или не. Повторно: селски услови на експлоатација, 30 км дневно возење по селски патишта...

Дали сум начелно задоволен од колата? ДА.

Многу сум задоволен од тоа како старее внатрешноста. Ниту една кожа никаде не се изљупи, ниту една пластика никаде не напукна. И после 200к километри, унутра сеуште го има оној „real world repelant" дојам, без крцки, мрцки и чудни звуци. Тоа како возач ми е многу битно. Имам видено ем поскупи ем понови коли со изљупени кожички на менувачот или воланот. Кај кокошарникот уште нема ништо такво.

Задоволен сум и од тоа како старее моторот. Уште троши и влече како кога беше нов. Пред неколку недели возав ск-бт-ск, просечна потрошувачка 4.3 литри.

Дали би сакал да купам пак ваков кокошарник? ДА, но за жал кокошарникот поскапе, па сега еквивалентниот модел како мојот (Accenta) со ист/сличен мотор е околу 3000 евра поскап. Со таа цена веќе влага у територија на Tucson со 4x4, па за истите пари секако дека би земал 4x4. Да беше иста или барем слична цена за нов Кокошарник - веројатно немаше да се мислам.

Ова е се што ми текна да пишам у моментов. Ако имаш прашања и ако знам - со задоволство ќе ти одговорам.

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 271
Одг: Nissan Qashqai 1.5dci 2007-2011 Iskustva i soveti
« Одговори #37 на: 14 Септември 2020, 12:40:55 pm »

filipv ти го прочитав одговорот дента кога го напиша но искрено заборавив да кажам ФАЛА на се што објасни :)

Еве една годинка направив пред некој ден и 10К км и искрено генерално сум задоволен од возилото
иако заради коронава и ситуацијава со затворени граници не е помината некоја километража

Каде го носиш на сервис бидејќи сега треба да сервисирам подвозје па барам каде да одам
Имав едно лошо искуство со Рено Дани па се мислам сега каде да одам да договарам.
Фала ти  8)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Nissan Qashqai 1.5dci 2007-2011 Iskustva i soveti
« Одговори #38 на: 11 Октомври 2020, 11:01:41 am »
Кај Мојсо (M&M Service).

Првите два сервиси беа на овластениот сервис, но цената беше толку дрско и неоправдано превисока, што предвреме се откажав од гаранцијата.

Инаку, најдов што бил оној безвезен звук што ме потсеќаше на мало дупче во ауспух: еден од долните држачи на хладњакот се скршил (ваљда и тоа некоја селска дупка опната со 60 на саат...), па хладњакот почнал да допира до интеркулерот што е веднаш до него. Откако се среди тоа - сега е све ок. Моторот звучи, троши и влече ко нов.

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 271
Одг: Nissan Qashqai 1.5dci 2007-2011 Iskustva i soveti
« Одговори #39 на: 12 Октомври 2020, 13:04:45 pm »
Кај Мојсо (M&M Service).

Првите два сервиси беа на овластениот сервис, но цената беше толку дрско и неоправдано превисока, што предвреме се откажав од гаранцијата.

Инаку, најдов што бил оној безвезен звук што ме потсеќаше на мало дупче во ауспух: еден од долните држачи на хладњакот се скршил (ваљда и тоа некоја селска дупка опната со 60 на саат...), па хладњакот почнал да допира до интеркулерот што е веднаш до него. Откако се среди тоа - сега е све ок. Моторот звучи, троши и влече ко нов.

обично такви ситни иритантни звуци тешко се отктиваат, супер што си го средил  :)

Мојсо беше кај Хемиско и ПТТ?  :o

кажи ми искуствто со гумите,
морам да менувам сега пред да стегне ладново  :-X

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 271
Одг: Nissan Qashqai 1.5dci 2007-2011 Iskustva i soveti
« Одговори #40 на: 30 Октомври 2020, 11:50:01 am »

уште не сум земал гуми, чекам препорака  ;)

Отсутен Nemam Idea

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Nissan Qashqai 1.5dci 2007-2011 Iskustva i soveti
« Одговори #41 на: 03 Февруари 2021, 21:19:14 pm »
Друштво, како сте задоволни сега, после толку време возење нисан 1.5дци, посебно ме интересира вие што имате купено на старо. Во потрага сум по 'нова' кола,се нешто ме тера да гледам моноволумен, па опција ми е и Нисан ноте 1.5дци 90коњи.
Секој совет е добредојден. Фала ви.

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 271
Одг: Nissan Qashqai 1.5dci 2007-2011 Iskustva i soveti
« Одговори #42 на: 05 Февруари 2021, 12:58:36 pm »
Друштво, како сте задоволни сега, после толку време возење нисан 1.5дци, посебно ме интересира вие што имате купено на старо. Во потрага сум по 'нова' кола,се нешто ме тера да гледам моноволумен, па опција ми е и Нисан ноте 1.5дци 90коњи.
Секој совет е добредојден. Фала ви.

од 1.5dci 68ks i 106ks јас сум генерално задоволен, економичен мотор.
до сега сум немал проблеми освен еден заглавен EGR вентил кој си го поправивме сами  ;D
останатото како и кај сите возила, редовно сервисирање, точење нафта само на проверени бензински и 2 пати годишно адитив.
Е сега овие се мотори без DPF филтер, овој што го меркаш е со DPF колку што гледам, тоа си е посебна проблематика, но и вака јас гледам редовно да излезам на отворено и да го издувам  ;)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2102
Одг: Nissan Qashqai 1.5dci 2007-2011 Iskustva i soveti
« Одговори #43 на: 08 Февруари 2021, 13:05:06 pm »
@Nemam Idea За моторот 1,5 дци со 90 кс (Еуро 5) слушам само пофални зборови, еве мој колега со тој мотор во Сеник 3 од 2009 за 2 години помина 50.000 км без никаков проблем а ја зеде колата со 200 к км, има сменето по некој стабилизатор и сл ама ништо друго побитно.

@Angel Skopje какви адитиви ставаш во 1,5 дци со 78 kw, 2 години го возам мојот Сеник а немам ништо ставено, ми е страв да не ја рчнам мечката непотребно
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13469
Одг: Nissan Qashqai 1.5dci 2007-2011 Iskustva i soveti
« Одговори #44 на: 08 Февруари 2021, 17:36:42 pm »
Има адитивчиња кај сакаш. Јас ставав од Макпетрол STP и Sonax. Бев задоволен, немав никакви проблеми. Не се плаши.

Убаво е од време на време на дизелчињата да се стави адитивче. Јас осеќав разлика.

Многу осетив разлика и со декарбонизацијата. Така што препорачувам и тоа. Сеа додуше ти зборам јас за 1.9JTD и за 2.0TDI ама важат исто.