Тогаш не е тој како што одеше на меган 2 седан 1.5 дци, бошов филтер за гориво комплет со куќиште што се продаваше. Малопродажна цена околу 6000ден беше.
Знам дека не си лик кој можат лесно да го заебат.... ама 6000 бе? Не ме јеби, да не имало и нова турбина вклучено во цената?

Лично, за 1.5dci мислам дека е прекрасен мотор, со одлични перформанси и ненадминлива потрошувачка. Меѓутоа, на самиот мотор, се што беше пластично се распаѓаше. Цревца, стеги, држачи, вентили, сензори, све што беше пластика све морав да сменам, све се кршеше, се распаѓаше, многу неиздржливо возило. Замисли 5000 денари платив за оригинал сајли за рачна кочница, глупост невидена. Задни канџи за кочници морав да сменам зошто не беа р'ѓосани, туку распаднати. Да не продолжувам, кога ја видов цената на поседување на возилото, помножено со моето лично правило дека електро-механика мора во секој момент да биде во врвна форма, математиката рече дека поисплатливо е ново возило. Сум имал и други возила 10+ години стари, немале вакви аматерски заебанции, дури и далеку од тоа. Според мене све фино испроектирано и смислено, ама изработено и склопено како деца за ОТП да го правеле.
Башка работа што кај нас нема ниту еден добар и доверлив мајстор за Рено/Нисан, све преваранти. Ама затоа делови од отпад имаш на кило, можеш уште 3-4 коли такви да си склопиш за не-дај-боже.