Еден апдејт.
Пред две-три недели малку фалеше возилото да се продаде но остана во фамилијата,татко ми ќе го вози.
Малку порано од законски пропишаниот рок за менување на летниот со зимскиот сет на гуми,денес 24.10.2022 на 235919км извадени летните Hankook Ventus Prime 3 и ставени зимските BFGoodrich G-Force Winter 2.Да не се малтретира татко ми за 3 недели да ги менува.
Со летните од 24.03.2022 сум до денес сум поминал 6398КМ,или вкупно со летните сум поминал 22226км.
Промената ја направив во домашни услови.
Камчињата ги извадив,со средство за чистење на бандажи ги исчистив бандажите.
Со вапот убаво испрани и оставени да се сушат па да се стават на сталажата.
Аудито добро ме служеше,но многу многу ретко ќе се дружам со него.
П.С Темата нека си остане,ќе се пишува по нешто колку за евиденција.