Автор Тема: Прекрасно искуство со Suzuki Swift, негативно искуство со Миркат Скопје  (Прочитано 23045 пати)

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 317
Здраво дечки.

Сакав да го споделам моето, непријатно по моја вина, искуство со купувањето на нов автомобил. После тестирани неколку возила, изборот ми падна на Suzuki Swift 1.0 хибрид. Прво нешто што забележав е дека нема наслон за рака во опремата и му реков на продавачот дека не купувам кола без наслон. Ми рече дека нема проблем, ќе ставеле. Оставив 18000 денари капар со кредитна картичка за да ми го нарачаат свифтчето, бидејќи го немаа на лагер во бојата што ја барав. Притоа, не ми кажаа крајна цена, туку продавачот ми рече дека ќе зборел со шефот за да ми направат да испадне под 15000 евра. Мене за кредит од банка ми побараа профактура за да го почнат процесот. Продавачот ми напиша профактура на 15000 евра, да сум имал по за до банка, а он со шефот ќе зборел да ми симне уште 200 евра. Притоа во профактурата не ја наведе целата опрема на колата, наводно оти имала премногу опрема и немало место. Од банка го почнаа процесот, со тоа што ми рекоа дека треба да им ја доставам оригиналната крајна фактура на крај. Колата стигна, сумата беше платена. Отидов да ја земам ииииии што да видам! НЕМА НАСЛОН ЗА РАКА! Му викам на продавачот, абе нема наслон за рака, нели рече ќе ставиш! Ми одговори дека не се сеќава дека сме правеле таков муабет (дрскооо!). Наредниот ден (сабота) ми се јави дека ми средил во понеделник да ми монтираат наслон, ќе сум го плател 4-5000 денари наводно по набавна цена. Понеделникот не стигнав, отидов денес. Продавачот бил денес болен наводно, ми рекоа да одам во сервис. Во сервис немаа појма што им зборам и ми рекоа дека наслони немале на лагер 3-4 месеци, а не па да ми монтираат. Се качив горе кај шефот, ми вика дека не бил запознаен со ситуацијата. Му викам, како бе! Па продавачот ми рече дека искомуницирал со вас веќе! Чоекот фино лепо рече дека испорачал се што пишува на фактурата (оригиналната, на која што има све освен наслонот) и тука си ја сфатив грешката. Сфатив дека продавачот ме изиграл поштено и дека шефот сега го покрива. Им реков да ми го вратат капарот, и тоа е тоа од нив. Сега си го чекам назад капарот на трансакциона. Сам сум си крив што не побарав све на писмено, туку му верував на продавач чија работа е да лаже луѓе за пари. Поука од приказнава е дека секогаш треба да барам све на писмено.......А на Миркат СРАМ ДА ИМ Е!

Иначе количето е топ, презадоволен сум, само деснава рака нешто ме боли.....

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Мене односот на Миркат ме спаси од купување Џимни, па сега се надевам ќе купам нешто по разумно :)

За жал, одамна пројде времето кога може да веруваме на даден збор.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4579
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Создравје да си го возиш Swift-чето! Шљакни некоја сликичка.

За дешавкава....јбг Шупакленд, малку сме ама многу прости. Види некое од овие да не ти пасува: https://www.aliexpress.com/popular/suzuki-swift-armrest.html во Getz-от имав слично вакво монтирано, си бркаше работа, можда ќе треба силиконче да заигра ама после нема мрдање :)

Мене односот на Миркат ме спаси од купување Џимни, па сега се надевам ќе купам нешто по разумно :)

За жал, одамна пројде времето кога може да веруваме на даден збор.
Почекај малце, ќе помине фамата и цена ќе падне и односот ќе се смени. Вреди Џимни да го почекаш :) башка многу луѓе го купуваат ради шминкерај, ќе има и на старо.


Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Прво ми дадоа попуст, после се предомислија. А и односот им е како услуга да ми прават, а не јас на нив :)

Супер е џимнито, го провозев, ама не е за фамилијарна кола иако за малце сам ќе се убедев дека ќе врши работа ;D Затоа супер што Миркат се такви, па сега да купиме некаква малце повеќе фамилијарна кола, а половно Џимни за до 10к евра за некоја година ќе биде идеална втора/трета кола :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
Ако е истиот продавач, колку бош муабети имам слушано од него во 2 прилики (алто, с-крос), не е ни чудно оваква зафрканција :'(

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 51930
  • Махер
Oдносот им е како услуга да ми прават, а не јас на нив :)

Тоа е тоа. Одлично срочено.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1876
Ostaj naslonot nego vidi kolku ja bezbednosnata oprema, kolku zvezdicki ima tvojot svift na EURO NCAP test za bezbednost.
Citam nekoi imale 3* nekoi 4*, vo zavisnost od premata.
Kako i da e i 4* se malce za denesno vreme, retko koja kola nema 5*.

Nekam da ti krsam keif, ama negde mora da pisam gledam dosta luge se "letaat" po swift.
Kolata e nenormalno lesna i nekade toa mora i da se odrazi-na bezbednost.
Deluva deka ima prostor a kolata e ustvari dosta mala vo dolzina i sirina, ne e toa nekoja umesnost vo dizajniranje tuku zatoa sto e sekade tenka.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
https://www.euroncap.com/en/results/suzuki/swift/26927

Свифтот нема 5* затоа што во основна опрема нема некои нови системи како лејн асист и слично. Исто така слаби резултати има во делот за заштита на пешаците.
Што значи дека врска нема лимот, тежината и остали рекла-казала муабети со безбедноста на возачот и патнциите.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 756
Ostaj naslonot nego vidi kolku ja bezbednosnata oprema, kolku zvezdicki ima tvojot svift na EURO NCAP test za bezbednost.
Citam nekoi imale 3* nekoi 4*, vo zavisnost od premata.
Kako i da e i 4* se malce za denesno vreme, retko koja kola nema 5*.

Nekam da ti krsam keif, ama negde mora da pisam gledam dosta luge se "letaat" po swift.
Kolata e nenormalno lesna i nekade toa mora i da se odrazi-na bezbednost.
Deluva deka ima prostor a kolata e ustvari dosta mala vo dolzina i sirina, ne e toa nekoja umesnost vo dizajniranje tuku zatoa sto e sekade tenka.

А ти утврди дека лимот е тенок и заради тоа има 3 или 4 звезди? Боже господе...

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 317
Ги гледав армрестите на алиекспрес, ама не сакам на нова кола да штрчи нешто кинеско. Има оригинални во Грција за 130-150 евра, ќе се прошетам до Солун.

Што се однесува до безбедноста, EURO NCAP го рангира моето со 4 ѕвезди, ама со 44% скор за автономија. Реално каква сакаш кола имај, ако скорот за автономија е слаб, не добиваш 5 ѕвезди во 2019. тоа не значи дека колата е небезбедна. А дека е единствена во класата со адаптивен темпомат со радар и дека има значително поголема кабина од конкурентите, тоа е друг бенефит.

Мене ми е сега страв ако недајбоже нешто и се случи на колата во гарантен рок, како ќе излезам на крај со преварантиве. Дури и од редовен сервис ми е страв кога ќе треба еднаш во годината да ја оставам во нивни раце.....

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6165
Е поради вакви причини, дилерот ми е исто толку значаен како и колата. Дури и да имам фрлено мерак за некаква кола а дилерот е куртон ондак заеби меракот.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4173
Се збори дека лимот што остана од бомбардирањето на Застава Крагујевац е откупен од Сузуки.  :-X

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1876
Zboram za toa sto e pomegu limot i vnatresniot tapacir.
Kolata e okolu 200kg (ili 20%) polesna od soodvetna kola vo svojata klasa i vam sve vi e toa tak normalno. Tezela 875kg?
Toa deka e praena od aluminium i kevlar izgleda zatoa  8)

Izvolte oficijalni rezultati:

https://www.euroncap.com/en/results/suzuki/swift/26927
« Последно менување: Април 02, 2019, 18:31:52 pm M3V8 »

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 817
  • Am386 DX/DXL-40
Еве и тука се гледа дека заштедиле на лимот.


Цитат: NCAP
The passenger compartment of the Swift remained stable in the frontal offset test. Dummy readings indicated good protection of the knees and femurs for both the driver and passenger.  Suzuki showed that a similar level of protection would be provided to occupants of different sizes and to those sat in different positions.  In the full-width rigid barrier test, protection of the chest was marginal, both for the driver and the rear seat passenger.  Otherwise, protection of critical body areas was rated a good or adequate. The Swift scored maximum points in both the side barrier test and the more severe side pole impact, with good protection of all critical body regions. Tests on the front seats and head restraints demonstrated good protection against whiplash injuries in the event of a rear-end collision.  However, a geometric assessment of the rear seats indicated poor whiplash protection for occupants in those seating positions.

Тоа што возилото е лесно е поврзано со развојот на технологијата која овозможува создавање на цврсти шасии користејќи полесни материјали и подобри геометриски форми онаму каде што е потребно. Исто така, може да има помалку изолација од друга во класата, што би ја направило побучна и полесна, ама не и помалку безбедна. :)

Јас би Свифтов наместо тенк од Волво од 90ти.
« Последно менување: Април 02, 2019, 19:40:59 pm 386ka »

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 756
А и Jimny 2019 нема доволно лим и профили внатре штом му дале 3 звезди... :(