На бмвто фабрички имам М спорт подвозје.. Поради што е подигната предницата јас му ставив само напред апекс спирали (нели инжињерите од бмв врска немаат) и се спушти прилично ниско и дојде скоро исто како задницата... Меѓутоа пред некое време сменив некој гумици позади (пошто не ми беше баш стабилно) и назад се поткрена можи за некој 3/4 цм и ми паѓа во око на секое, сепак не е југо или тигра ова..
Пред некое време земав спирали задни (типот викаше дека пониски се од стандардот, затоа ги извадил пошто му фаќало) али секако ги земав 1500 денари па што биди нека биди..
Е сега задните што ги земав се означени со две бели точки (кругови)... А фабричките (барем предните) се со една кафеава точка..
Сакам да прашам кај можам да проверам што означуваат точките ? На думање сум дали да го спуштам и назад или да ги вратам фабричките и напред.. Инаку вожњата воопшто не е променета со апекс спиралите..