17k? Браво. Солено според мене. Можда за фејслифт со некоја порно боја, бандаж, мултимедија и сл. да, но за овој модел не мислиш дека беа премногу пари? Со здравје да се вози btw.
да не сакаш да ми дадеш понуда?
Пред 3 години тие беа цените, сега појма немам како стојат. Фејслифт со мултимедија бандаж кожа исл тогаш идеа по 20к таму, зборам за здрави коли, не за примероци што смрдат на леш, составани од 3 коли, со скршен мењач, запушен дпф, чипувани/спуштани....итн итн. На тие 20к додај транспорт/пат, данок, царина, акциза...така да не, не мислам дека беа премногу.
Фала, преку 30.000км се извозеа веќе.
Паднаа цените https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3430127
F30 веќе има за париве нема поента Е90 без разлика на моторот.
Stage 3 на првото видео треба да е 420+ кс затоа и ти реков нешто не е ко што треба. Другиве видеа се stage 3 и се како што треба. Јас не би возел ваков дизел без разлика колку е брз. Имаше во Скопје една 535 прилично спремна, сега има Гостивар или Тетово, иде 100-200 за 7сек наводно. На крајот од денот пак е трактор без разлика колку е брз и не може да направи толку ќејф освен што е брза.
Преференци и околности ја диктираат реалноста. Кога би можел да си дозволам пак би купил е90 само во М3 изведба, а може и некој уште постар М модел е46, е30, е52, e31...за сончеви денови
Колава мене ми прави мерак цело време, ниту е трактор ниту е досадна за возење, напротив вади одличен звук за дизел, влече како од место на било која брзина, стабилна е, предвидлива, во секое време може да си играш со задница и не троши многу. Тоа дека имало негде некоја чепната кола што си ја видел на јутуб или само си слушнал муабет не значи ништо, зами повози, поинаку ќе размислуваш.
Точно е, има f30 за тие пари, ама 316i, а моторот ја прави најголемата разлика ако купуваш кола за возење. Ако си позер ондак се слагам, не прави разлика.
И да се потсетиме дека постојат 2 категории на луѓе што купуваат BMW:
1.
Мераклија - ќе го купи најмоќното што може да си го дозволи за да ужива во секое возење. Тоа е всушност целата поента на BMW, а воедно и мотото на компанијата: Freude am fahren
2.
Позер/помодар - ќе му/и купат ново 116i или некој SUVче (црно со најголеми црни бандажи, затемнети стакла, лепенки и М беџови на секој 10цм2) ќе паркира во кафич со очекување дека ќе добие ректално чистење од околните маси, додека постира вакви слики на инстаграм: