Автор Тема: BMW 335d e90  (Прочитано 46274 пати)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #45 на: 05 Декември 2019, 15:41:39 pm »
17k? Браво. Солено според мене. Можда за фејслифт со некоја порно боја, бандаж, мултимедија и сл. да, но за овој модел не мислиш дека беа премногу пари? Со здравје да се вози btw.
:) да не сакаш да ми дадеш понуда?

Пред 3 години тие беа цените, сега појма немам како стојат. Фејслифт со мултимедија бандаж кожа исл тогаш идеа по 20к таму, зборам за здрави коли, не за примероци што смрдат на леш, составани од 3 коли, со скршен мењач, запушен дпф, чипувани/спуштани....итн итн. На тие 20к додај транспорт/пат, данок, царина, акциза...така да не, не мислам дека беа премногу.

Фала, преку 30.000км се извозеа веќе.


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20113
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #46 на: 05 Декември 2019, 16:50:02 pm »
Скоро 600 коња ин тотал  :D Бмв-то е побрзо  според спецификации, а на видеото мерџо бега и тоа салам на крајот или така само изгледа ?
https://www.automobile-catalog.com/auta_cmp2.php
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Мечето е побрзо на хартија, ама претпоставувам дека атмо мотор од 2002 со некаков модифициран ауспух изгубил некое коњче до сега. Кога возев позади него бев побрз (ваљда drafting) ама после првиот brake check решив да олабавам, сепак е јавен автопат благословен со непрегледни кривини, крпеници, вдлабнатини, кратери, камчиња во сите ленти и не ми се мења по трет пат шофершајбна ::) Криво ми е што не се сретнавме кај новата делница.

Наравоучение 5.0 V8 си е 5.0 V8 односно: No replacement for displacement! :)

3.0 twin turbo бензинец, дизел не може да се мери со бензинец во трки.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #47 на: 05 Декември 2019, 17:13:48 pm »
I beg to differ :)
« Последно менување: 06 Декември 2019, 17:10:44 pm Molec »


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20113
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #48 на: 06 Декември 2019, 15:11:37 pm »
GTR не менува брзина на време. Не знам што е со другиве коли. Или овој нема 400 хп или другиве не ги бива нешто. Фабричка ц63 оди 3 секунди до 200 побрзо од stage 2 e60(17). GTR 570 фабрички е 10 секунди до 200. Нешто не е ко што треба тркава.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #49 на: 06 Декември 2019, 16:02:14 pm »

GTR не менува брзина на време. Не знам што е со другиве коли. Или овој нема 400 хп или другиве не ги бива нешто. Фабричка ц63 оди 3 секунди до 200 побрзо од stage 2 e60(17). GTR 570 фабрички е 10 секунди до 200. Нешто не е ко што треба тркава.
Им платил тој со дизелот за да се фали по форуми ;D

И за крај најјакото  8)


Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1479
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #50 на: 06 Декември 2019, 17:03:11 pm »
17k? Браво. Солено според мене. Можда за фејслифт со некоја порно боја, бандаж, мултимедија и сл. да, но за овој модел не мислиш дека беа премногу пари? Со здравје да се вози btw.
:) да не сакаш да ми дадеш понуда?

Пред 3 години тие беа цените, сега појма немам како стојат. Фејслифт со мултимедија бандаж кожа исл тогаш идеа по 20к таму, зборам за здрави коли, не за примероци што смрдат на леш, составани од 3 коли, со скршен мењач, запушен дпф, чипувани/спуштани....итн итн. На тие 20к додај транспорт/пат, данок, царина, акциза...така да не, не мислам дека беа премногу.

Фала, преку 30.000км се извозеа веќе.

Паднаа цените ;D https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3430127
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #51 на: 06 Декември 2019, 17:08:03 pm »
Супер! Баш би сакал да има уште некој на форумов да си споделуваме искуства.


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20113
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #52 на: 06 Декември 2019, 17:18:59 pm »
17k? Браво. Солено според мене. Можда за фејслифт со некоја порно боја, бандаж, мултимедија и сл. да, но за овој модел не мислиш дека беа премногу пари? Со здравје да се вози btw.
:) да не сакаш да ми дадеш понуда?

Пред 3 години тие беа цените, сега појма немам како стојат. Фејслифт со мултимедија бандаж кожа исл тогаш идеа по 20к таму, зборам за здрави коли, не за примероци што смрдат на леш, составани од 3 коли, со скршен мењач, запушен дпф, чипувани/спуштани....итн итн. На тие 20к додај транспорт/пат, данок, царина, акциза...така да не, не мислам дека беа премногу.

Фала, преку 30.000км се извозеа веќе.

Паднаа цените ;D https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3430127

F30 веќе има за париве нема поента Е90 без разлика на моторот.

Stage 3 на првото видео треба да е 420+ кс затоа и ти реков нешто не е ко што треба. Другиве видеа се stage 3 и се како што треба. Јас не би возел ваков дизел без разлика колку е брз. Имаше во Скопје една 535 прилично спремна, сега има Гостивар или Тетово, иде 100-200 за 7сек наводно. На крајот од денот пак е трактор без разлика колку е брз и не може да направи толку ќејф освен што е брза.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #53 на: 06 Декември 2019, 17:34:59 pm »
Полека тркачи, не е ова Need For Speed 😁

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #54 на: 06 Декември 2019, 19:50:34 pm »
Брз, ти имаш кола со само 350кс, не си компетентен да коментираш... И овие од погоре, за тие пари има ова има тоа, купете возете кажете колку ви излегло. Туѓи пари најлесно се трошат и најлесно им се прави математика.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #55 на: 06 Декември 2019, 20:58:52 pm »
17k? Браво. Солено според мене. Можда за фејслифт со некоја порно боја, бандаж, мултимедија и сл. да, но за овој модел не мислиш дека беа премногу пари? Со здравје да се вози btw.
:) да не сакаш да ми дадеш понуда?

Пред 3 години тие беа цените, сега појма немам како стојат. Фејслифт со мултимедија бандаж кожа исл тогаш идеа по 20к таму, зборам за здрави коли, не за примероци што смрдат на леш, составани од 3 коли, со скршен мењач, запушен дпф, чипувани/спуштани....итн итн. На тие 20к додај транспорт/пат, данок, царина, акциза...така да не, не мислам дека беа премногу.

Фала, преку 30.000км се извозеа веќе.

Паднаа цените ;D https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3430127

F30 веќе има за париве нема поента Е90 без разлика на моторот.

Stage 3 на првото видео треба да е 420+ кс затоа и ти реков нешто не е ко што треба. Другиве видеа се stage 3 и се како што треба. Јас не би возел ваков дизел без разлика колку е брз. Имаше во Скопје една 535 прилично спремна, сега има Гостивар или Тетово, иде 100-200 за 7сек наводно. На крајот од денот пак е трактор без разлика колку е брз и не може да направи толку ќејф освен што е брза.
Преференци и околности ја диктираат реалноста. Кога би можел да си дозволам пак би купил е90 само во М3 изведба, а може и некој уште постар М модел е46, е30, е52, e31...за сончеви денови :)

Колава мене ми прави мерак цело време, ниту е трактор ниту е досадна за возење, напротив вади одличен звук за дизел, влече како од место на било која брзина, стабилна е, предвидлива, во секое време може да си играш со задница и не троши многу. Тоа дека имало негде некоја чепната кола што си ја видел на јутуб или само си слушнал муабет не значи ништо, зами повози, поинаку ќе размислуваш.

Точно е, има f30 за тие пари, ама 316i, а моторот ја прави најголемата разлика ако купуваш кола за возење. Ако си позер ондак се слагам, не прави разлика.

И да се потсетиме дека постојат 2 категории на луѓе што купуваат BMW:
1. Мераклија - ќе го купи најмоќното што може да си го дозволи за да ужива во секое возење. Тоа е всушност целата поента на BMW, а воедно и мотото на компанијата: Freude am fahren


2. Позер/помодар - ќе му/и купат ново 116i или некој SUVче (црно со најголеми црни бандажи, затемнети стакла, лепенки и М беџови на секој 10цм2) ќе паркира во кафич со очекување дека ќе добие ректално чистење од околните маси, додека постира вакви слики на инстаграм:





Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #56 на: 06 Декември 2019, 21:05:51 pm »
@Molec зошто уопште ги ставаш видеана од дизелон? Па тој не е ни Road legal; седи таму не се бламирај, дизел можел да се рамни со бензин во драг трка, глупости,.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20113
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #57 на: 06 Декември 2019, 21:07:06 pm »
Се појавуваат на оглас цело време 320д со спорт пакет или м пакет автоматици со убава опрема по 8/9к евра во Германија, понекогаш и со опција за повраток на данок. Само што тие огласи траат по еден ден. Околу 4000 се давачките.

Инаку сите модерни дизели убав звук имаат(во кабина) и секаде имаат сила, ама во споредба со бензинец мене не ми прават ќејф колку и да се брзи. Дури и да не ги споредам со бензинец брзина и управувањето не ми се доволни да ми се направи ќејфот, ми фали звук и вртежи. А вака колку што се сеќавам мислам дека БМВ ги имаат најгласните(најтракторските) common rail дизели од конкуренцијата.
« Последно менување: 06 Декември 2019, 21:17:06 pm DarthJe5us »

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #58 на: 06 Декември 2019, 22:11:04 pm »
А вака колку што се сеќавам мислам дека БМВ ги имаат најгласните(најтракторските) common rail дизели од конкуренцијата.

Најдобрите-најекономичните.

Не филозофирајте, 300 коња се 300 коња. Возете ги вашите 80 коња и ајт. ;D :D  ;D ;D ;D

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #59 на: 06 Декември 2019, 22:17:37 pm »
Тоа е муабетот :) имало на мобиле.де имало у бугарија за толку за онолку, па со м-пакет биле, па прв газда, па со 50.000км....добро ми е познат, го прават најчесто деца и луѓе шо ги заебува 1 утакмица секој ден т.е. луѓе што немаат никаква намера и способност да се покренат до Германија или било каде и да си донесат саглам кола. ЈА ЌЕ ГИ КАЖАМ БАЦЕ...


И јас гледав е60 525/530/535D од мобиле.де за 8-9к и повеќето на слики беа цице, ама во живо не би пљукнал на нив...на крај завршив со 335d и крајниот есап искочи 3000е поскапо отколку што очекував, затоа што не можеш све да испланираш дома пред монитор.

Инаку BMW ги прави најтивките и најмазните дизели со 6 цилиндри во линија, а 4 цилиндрашите се тракторчиња ама трошат ко веспа.
« Последно менување: 06 Декември 2019, 22:22:58 pm Molec »