На извозени 60.000 km, немам многу што да напишам. Нели во меѓувреме нови тркала, број поголеми и два броја пошироки. Незнам дали е баксуз или се должи на две единици помалото ЕТ, два пати го зарендав предниот десен бандаж. Среќа не се познава. Друго стандард, исто како од претходниот осврт.
Потрошувачката по мое е негде 12, а по компјутерче 10,1 (long term). Има и некој чудни звуци (познати и од претходната кола) кои се јавуваат од сончевиот покрив, поготово на симнување од тротоар и такви нерамнини. Пластиката внатре е ок, не крцка или слично (мада... можело и подобро) освен потпирачот за рака напред незнам кој курац му е али крцка бато као у Југо Флорида. И тоа само капакот тоа шо се мрда. Инаку е баш баш средна класа. Со одлични перформанси. Сеуште не ми дошло да кажам ми треба уште. Секако ми треба уште, мислев за од оваа кола.