Деновиве конечно го сменив радиото кое немаше ни aux ни usb. Заменето е со KENWOOD KDC110UR. Презадоволен квалитетот на звукот премногу се смени не очекував до толку. Претходно бев убеден дека звучниците се ставени само ради реда колку да брчи нешто и имав план понатака да ги сменам ама сега стварно даваат доста квалитетен звук. Единствено ми останува да го средам хаосот со задните звучници десниот не свири лево има 2 од кој едниот хрчи на високи тонови уште не сум проверил кој. Има појачало за задните кое изгледа и не е во функција. Левиот звучник позади иако е поврзан во појачало не свири дур не му ги ставам и жиците од малиот звучник. Хаос.
Држачи на мотор најдов во крис и том но пред еден месец и неможев тогаш да ги земам денес ме израдуваа дека веќе немаат па сега чекам одговор дали ќе ми ги најде дечкото од којшто најчесто земам делови ако не ќе барам на други места. Едвај чекам тие да ги сменам страшно нервира тропањето и самата помисла дека не се во ред.
После држачите односно нареден месец ги менувам и гумите па да биде спремна за еден трип до јужниот дел на македонија
Во меѓувреме сменети се трафоата и фреонот за клима.
Кога ја спомнав климата кога ќе ја пуштам стои колата во лер и знае да затресе тоа се случува 2-3 пати во минута истото се случува и во возење при забрзување дури и губи сила и продолжува страшно нервира. Мајсторот ми рече фали фреон дополнија најверојатно затоа така прај ја дополнив ама џабе исто е. Тоа треба да го проверам во иднина.
Ќе ми требаат и 15ки челични бандаж за зимските гуми која цена се движат ??
Сега за сега е тоа понатака има ситници што сакам да ги средам ама има време од колата сеуште сум презадоволен и уживам во секој извозен километар