Автор Тема: BMW e36 318 tds  (Прочитано 29085 пати)

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #15 на: 03 Мај 2018, 00:17:07 am »
Честито, многу безгрижни километри

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #16 на: 03 Мај 2018, 12:59:19 pm »
Абе, гледам во мое маало си сликан. Комшија нешо? ;D

Со здравје да се вози. Го имам гледано BMW-во низ Скопје. Ми падна во очи заради таблцита. 318TDS, 318 таблица ;D

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #17 на: 03 Мај 2018, 23:31:45 pm »
Он во твое маало или ти во негово? Договорете се 😁

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #18 на: 04 Мај 2018, 10:29:43 am »
Кој има лична карта од маало, негово е. ;D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #19 на: 04 Мај 2018, 11:04:06 am »
Ново Могиле си е на Карпатскиот. Скопјани има од карши во Ново Лисиче ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #20 на: 04 Мај 2018, 13:57:22 pm »
Ново Могиле си е на Карпатскиот. Скопјани има од карши во Ново Лисиче ;D


Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #21 на: 04 Мај 2018, 19:09:18 pm »

@МулевР   Фала  :D

Честито, многу безгрижни километри

Фала Ѓорѓи  :D

Абе, гледам во мое маало си сликан. Комшија нешо? ;D

Со здравје да се вози. Го имам гледано BMW-во низ Скопје. Ми падна во очи заради таблцита. 318TDS, 318 таблица ;D

Ако бидам домазет ќе бидеме комшии  ;D ;D
Доста често седиме таму особено во лето во паркот а ако добро се сеќавам и твојата 5ка често ја гледам на истиот паркинг или грешам ?  :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #22 на: 05 Мај 2018, 10:45:42 am »
Мојата е црна, има друга сахара кафеава на паркингот кај Авионче. Таа уствари ми беше и инспирација за мојата 😄



Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #23 на: 05 Мај 2018, 14:49:16 pm »
Добар примерок, културен бимер.
Со здравје да се вози и кеф да ти прави :)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #24 на: 21 Мај 2018, 23:31:50 pm »
@Rakun4e Фала ти. Чим не тргам поглед од неа  кога мие во близина цело време значи прави кеф хахаха :D

Да напишам уште нешто за колава предности маани и што сум сменил што треба да се смени :)

Кога ја земав дечкото одма ми кажа дека спони и уште нешто има мењато на предницата што подоцна и мајсторот потврди предницата е во супер состојба само не беше центрирана. Ја центрирав кај мето мислам се викаше во к вода.

Бандажите ги исправал и тогаш му кажале дека задна лева гума е многу крива ја сменив и таа но со гума на старо зошто ќе ги мењам сите за скоро.

Потоа колата продолжи да скоко мислев дека е до гумата ама излезе дека истиот амортизер е заглавен најверојатно некоја голема дупка мавнале па се десило тоа. Го сменив и амортизерот.

Следно претходниот газда ми кажа дека мењал каиши и затегачи што и се гледа апла се нови само тој на климата не го сменил па го сменив и него.

Возачката квака одкажа и таа беше заменета.

Претходниот газда ми кажа дека бош пумпата ја репарирал што сметам дека е плус.

Капеше уље од негде па се испостави дека е од гумичките на  хладњачето за уље тогаш и мајсторот ми спомна сам видел дека бошот е репариран па кога ги ваделе/враќале цревата стари гумички се искинале.  И тоа е средено.

Сменив уље одма Castrol 10w-40 и сите филтри сосе тој за нафта. Разлика во работа на моторот не осетив најверојатно зошто дечкото од кој ја купив не ме излажа дека е сменето уљето многу скоро пред околу 2000км ама некако шубе ми беше па да си бидам раат.

 
Следно што треба да сменам.

Држачи на мотор 2. Се осеќа како предницата да е разлокана на мали нерамнини и апла ме нервира па се на прво место на листата. Е сега колку што сватив биле уљени и околу 3 000ден еден. Некако мн скапо ми делува ако е некој по упатен да ми каже каде да барам вакви делови дајте предлог. Друга опција за овој проблем имало некој поевтини околу 1 500 ден ама демек не биле многу добри. Сега планот мие да не ја возам поише од 5год. колава па се мислам и за таа опција валда ќе издржат до толку.

ГУМИ зошто се многу СТАРИ дури срам мие да кажам колку. Е сега 90% ќе одам со матадор мп62 еден модел понов од тие што ги возам на пунтото. Искрено за мојте потреби 90 % градска вожња доста добро се покажаа гумите и на снег не се лоши. Цените за оваа димензија се у несвес од подобрите брендови така да мислам овие се најдобра опција за вложено добиено. и да all season се тие што сакам да ги купам  ;D

Знакчињата на хауба и гепек треба да се сменат. Тоа на гепек не е ни BMW знак некој си M што многу лошо изгледа.

Понатака сакам и платнени патосници да ставам.

Да си го префрлам вуферот и појачалото.
И тоа е тоа што сум направил и што треба да направам.

Како мана ќе наведам тежок волан на кој веќе се навикнувам ама сепак размислувам ако е можно на овие бандажи барем 215ки да ставам некако гумиве се прешироки за колава. Добри се само за лик. Исто така зошто се многу широки кога ќе наидам на делови каде што е пропаднат асвалтот од камиони автобуси многу лесно ми го зема воланот и треба повеќе внимание да се обрне при возење на такви места. Мајсторот вика гумите на подвозјето како ида се викаа поточно се меки плус широките гуми, затоа тоа се случува.

Вожњата за нијанска да би била помека ќе беше супер ама не се бунам.

Мислам дека тоа е тоа што требаше да допишам се надевам листата полека ќе си се елиминира за да биде меракот уште поголем  :D


Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #25 на: 21 Мај 2018, 23:47:53 pm »
Убава задржана кола. Со здравје да се вози!

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #26 на: 22 Мај 2018, 09:15:31 am »

Следно што треба да сменам.

Држачи на мотор 2. Се осеќа како предницата да е разлокана на мали нерамнини и апла ме нервира па се на прво место на листата. Е сега колку што сватив биле уљени и околу 3 000ден еден. Некако мн скапо ми делува ако е некој по упатен да ми каже каде да барам вакви делови дајте предлог. Друга опција за овој проблем имало некој поевтини околу 1 500 ден ама демек не биле многу добри. Сега планот мие да не ја возам поише од 5год. колава па се мислам и за таа опција валда ќе издржат до толку.


Ако планираш да ја возиш подолго од година-две, тогаш инвестирај во подобар квалитет, на неа голема веројатност дека оригиналните биле Febi-Bilstein, ама можеш да одиш со било која од поквалитетните марки како SWAG, LEMFORDER, MEYLE итн. Побарај во МЕГА АУТО и во ОМ Лептокарија, да видиш која марка и цена имаат.
иначе вакви се:


Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #27 на: 24 Мај 2018, 21:53:12 pm »
Фака ти @kargh77 :D

@zvonkog
Се распрашав од овие брендови што ми ги напиша најдов само LEMFORDER во крис и том најевтино 2 600. Најверојатно ќе одам со тие чим викаш дека поевтините не би издржале.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #28 на: 24 Мај 2018, 22:23:08 pm »
лемфордер е можеби и најдоброто што може да се најде. нема утка.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #29 на: 24 Мај 2018, 22:36:43 pm »
Фала ти за советот такви ќе земам само да присоберам пари се олеснив периодов :D