Автор Тема: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016  (Прочитано 60597 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #195 на: 15 Март 2021, 22:29:31 pm »
Ги префрлив новите гумички од Лукас на старите метлици од Праксис, малку се помачив бидејки за дел од мм имаше разлика.
Гумичките имаат 2 каналчиња, низ едниот при навлекувањето поминуваат као метални држачи (штипчиња) кои се фиксни на самата метлица, низ другиот се вметнуваат метални лајсничиња низ целата должина на гумичката. Лајсничињата ги искористив од Праксисот бидејки Лукасот имаа поинаков систем.

Тестирав и фала ку*цу перфектно бришат.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #196 на: 16 Март 2021, 09:51:09 am »
Не вредат толку пари за Бош Аеротвин, ги платив 2к, ништо подобри од Праксис, кои ме чинат 370ден 2 од Макпетрол со поени. Секако сите траат макс 1 година.

Jas имам обратно искуство со Бош-от (а не е плацебо ефект заради цената :) )
 
ПЕРФЕКТНО налегнуваат на шофершајбната на Леон-от и бришат.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #197 на: 16 Март 2021, 10:04:40 am »
Кај мене на Туранот сите легнуваат убаво, шофершајбната е рамна.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #198 на: 16 Март 2021, 10:04:59 am »
Околу бришачите, јас години наназад ставам Праксис, во плаво паковање, од Лукоил. Претходните, намерно ставив во забелешка кога се купени, истераа 3 години и нешто ситно. Најобични, 150 денари. Исти имам и сега, купени од Лукоил, за неполна година почнаа да се распаѓаат. Којзнај како да речи чоек.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #199 на: 16 Март 2021, 10:06:00 am »
@balanar

Леонот мислам дека е посебен случај, од причина - самата поставеност на бришачите (во контра смер, нанадвор бришат, така) и релативно малку заоблената шофершајбна.

Затоа и добро "лежат".

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #200 на: 16 Март 2021, 11:02:04 am »
@balanar

Леонот мислам дека е посебен случај, од причина - самата поставеност на бришачите (во контра смер, нанадвор бришат, така) и релативно малку заоблената шофершајбна.

Затоа и добро "лежат".

Исто работат како и сите други, како мислиш нанадвор бришат? Разликата е во завршната позиција.
Поставени се до столбовите и последното движење им е нанадвор - да, ама сепак влечат и во двата правци.

Со лоши бришачи ќе го има проблемот и при повлекувањето кон средишниот дел, но и кон страничниот.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #201 на: 16 Март 2021, 12:32:44 pm »
Имате пробано со wd-40 убаво да ги истриете гумиците дали има некоја разлика,  гледав некој видеа дека има ефект,  кај мене сеа почнува едниот да подзаебава уште се фабричките Valeo скоро 9та година.. Знам дека ако ги менам сеа ќе почнам после на пола година до година да  се нервирам за бришачи. Би ги менал само ако ги најдам истите Valeo шо се ставени од фабрика ама нема нешто избор низ Битола.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #202 на: 16 Март 2021, 16:00:31 pm »
@balanar

Леонот мислам дека е посебен случај, од причина - самата поставеност на бришачите (во контра смер, нанадвор бришат, така) и релативно малку заоблената шофершајбна.

Затоа и добро "лежат".

Исто работат како и сите други, како мислиш нанадвор бришат? Разликата е во завршната позиција.
Поставени се до столбовите и последното движење им е нанадвор - да, ама сепак влечат и во двата правци.

Со лоши бришачи ќе го има проблемот и при повлекувањето кон средишниот дел, но и кон страничниот.

Не бришат двата во ист правец и не се поставени еден до друг (од десно на лево), туку се еден врз друг и едниот брише на лево, другиот на десно, односно нанадвор, према А столбовите...

Плус, како што кажав, имај во предвид дека Леонот кај тебе има помало заоблување на предниот џам од други коли.

Да, игра улога и квалитетот, ама и формата на стаклото.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #203 на: 16 Март 2021, 17:52:35 pm »

Полани пред да ги купам Праксис имав купено Вурт, не оставаа флеки но беа бучни при менување правец.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk


Јас имам топ искуство со вуртовите бришачи, на 210ката имав(тој нели 1 бришач е), кај мене беше многууу тивок и бришеше феноменално, кога купував за Ес класата немаше такви адаптери(или јас незнам кои требаше да ги наместам) па лупнав обични праксис у црвено паковање што се, али мноооогу ми свират и цивкаат, башка прерипуваат, треба да им барам замена


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #204 на: 26 Мај 2021, 17:32:28 pm »
Бидна 6та регистрација

3.398 автоодговорност
1.546 ц. крст и разни такси, без техничкиот
2.240 патишта
    990 амсм членство (против уроци) :)

8.174 вкупно

Зелен картон ќе почека уште малку :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #205 на: 16 Јуни 2021, 11:45:49 am »
Ајде и сервисче на 46.056км

    839 филтер уље
1.127 филтер воздух
1.399 филтер полен
5.616 шел ултра проф. AP-L 5w-30
    840 работна рака

9.821 вкупно

Ја сменив и метлицата од 5та врата, гумичката почнала да се закинува. Се обидов да направам трансплантација на гумичката, но не беше возможно, специјално е обликувана за на самата метлица.
1.150 со попуст, нека тера уште 5 години :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #206 на: 17 Септември 2021, 18:37:22 pm »
Се паркирав во Веро Џамбо на пола час и некој си се послужил, племето фашистичко.



Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #207 на: 17 Септември 2021, 18:40:58 pm »
Тргни налепницата "Вакциниран сум"  ;D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #208 на: 20 Септември 2021, 13:10:32 pm »
Отидов до Кореа и си купив капаче.
Купив и резерва капачиња за да ми се најдат доколку се појават и други со нервозни прсти и болни умови.
Не ми се верува да бил некој со празен новчаник пошто капачето не кошта ниту 50 денари.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #209 на: 20 Септември 2021, 13:12:44 pm »
Тоа се истите умоболни што крадат раткапни, знаци од мерцедес, бришачи (да на моја познаничка бришачите и ги украдоа од паркинг), гребат коли со клучеви итн... Од такви умоболни нема спас за жал. Треба да го убиеш на лице место, па да одговараш како за човек.