Многу е јако како ние со црниве коли препорачуваме црна да не се купува.
Па што ако е црна од кај Бушав до Хубо (а ако си среќен, ќе држи до Александар Палас). Зарем еднаш ми е во живот закането со развод поради поголема љубов кон колата од жената?
Купи, уживај, што ти е гајле што мислиме ние. Голем гепек, мал гепек, тоа се се причини да ги убедиш другите околу тебе дека си направил избор каков што треба.
Отприлика овака одеше:
"Види колкав гепек има? Па знаеш ли што се може да се спакува внатре!"
"Се тоа убаво, ама па мора ли толкав/таков мотор?"
"Па маче ако сакаш голем гепек мора мотор да може да ја повлече колата кога ќе ја натовариш!"
"А епа добро, ајде."
ОК, не беше баш така, ама си се вадиме.