Кога ја купував Нубирата 2002 година имав 2 години гаранција.
Во тие две години, само предниот лев диск се искриви и ми беше заменет со гаранција.
Во тоа време немаше официјален сервис на Аутомакедонија во Битола. Морав да плаќам пат до Скопје да одам во официјален сервис, кој ми наплаќаше тогаш од 6000-8000 денари некаде ако се сеќавам добро за обичен сервис. Плус 1500 денари пат (бензинот беше евтин, патарината поевтина
). Додај изгубен ден, јадење, пиење...
Имав еден тон заебанции (чисто од нечовечки и непрофесионален однос, ама ајде нема потреба тоа да го земам за мерило).
Реално одвај чекав да помини гаранцијата да можам да ја одржувам како што сакам и каде сакам.
Имам другари кои купиле нови коли и не дај Боже да се најдите во ситуација на посериозен дефект.
Има да ве дупат в мозок до немај каде.
Како год било. Не сум против гаранција, далеку од тоа, но 5 или 7 години е предолг пероид да те дерат нашите сервиси.