Hyundai Motor истакна значајно достигнување во Европа, продаде над еден милион автомобили во B-сегментот - најпопуларната категорија автомобили меѓу европските потрошувачи. Успехот се должи на популарноста на новата генерација i20, лансирана на пазарот минатата година.
Компанијата достигна значаен успех во својот развој, откако ги претстави новиот i20 Active - третиот член на семејството на i20 и 1,0-литарски T-GDI мотор, кој го прави автомобилот уште попривлечен за клиентите во B-сегментот. Од презентацијата на Hyundai Getz во 2002 година брендот ги зацврсти позициите во најпопуларниот сегмент во Европа со прифатливи, високо квалитетни и добро опремени модели. Во 2008 година Getz беше заменет од i20, кој постави нова насока на развој, односно автомобилите се дизајнирани, конструирани и произведени во Европа, за клиентите на Стариот континент. Со над 500.000 возила продадени во Европа, двете генерации на i20 придонесоа за вкупната продажба на компанијата во B-сегментот да стигне до високи вредности кои беа надополнети од актуелниот модел, достапен во верзија со пет врати, Coupe и кросоверот Active, кој помогна за постигнување на раст на продажбата минатата година од 12% или 92.300 возила, продадени на европски клиенти. Европскиот B-сегмент изнесува над 2,7 милиони возила, или 22% од годишната продажба на автомобили во Европа. Тој останува сегмент со најголем обем на континентот и е главен фактор за успехот на Hyundai на европскиот пазар, кој пак оставри вкупна продажба од над милион единици на ова поле за помалку од 15 години.
Благодарение на трите различни верзии на новата генерација i20 европските потрошувачи имаат избор, побогат од било кога. Просторната и софистициран i20 со пет врати ја дополнува i20 Coupe со својот динамичен екстериер, привлекување повеќе млади купувачи. Новиот i20 Active нуди солидна дизајн и карактеристики на кросовер, за да ги заинтригира младите клиенти од градовите, кои водат активен начин на живот. Од 2016 година палетата на i20 на Hyundai го добива и новиот 1-литарски T-GDI трицилиндерски бензински мотор со турбополнач, достапен со два капацитети. Верзијата со 100 КЅ е прилагодена така што да ја максимизира економичноста на горивото, а моторот 120 КС за да нуди подобра ефикасност, но и подобри перформанси.
Сите верзии на семејството на новата генерација i20 се дизајнирани и развиени во центарот за истражување и развој на компанијата во Германија и се произведени во фабриката во Турција.
http://avtoplus.mk/vesti/zanimlivosti/nyundai-motor-prodade-nad-eden-milion-edinici-vo-b-segmentot