Да ви го претставам моето второ возило. Пред 3 месеци ја претставив Е класата која се вози секојдневно, и до сега е одлична. Ова ќе биде возило за ќеиф, и за уживање во слободно време. Инаку се работи за Фиат Купе, 2.0 16 вентили, 102 киловати или 139 коњски сили. Произведена е 1996 година, и пишува дека има 210 000 километри. Од опрема има серво, клима, кожа, електрика на стакла и ретровизори, алуминиумски бандажи итн. Подолго време барав купе возило, конкретно сакав Тојота Селика од 1990/1991 година, ама немаше таква по огласите, па изборот падна на ова. Дизајнот е фантастичен, конкретно од Серџо Пининфарина, иако е веќе 20 години стара кола. Моментално колата е дефект, така е и купена, па прво во план е да се среди моторот, ако чини многу поправката може и цел мотор ќе биде променет. Потоа сакам да се освежи и корегира бојата на некои места, па да се монтира плин итн... Ќе треба време за тоа, ама не се брзаме, се ќе си оди постепено... Еве некое сликце, тука е штотуку донесена од Велес, не е ниту измиена и исчистена, па натаму ќе има слики од понатамошниот напредок.