Автор Тема: Fiat Coupe 2.0 16V  (Прочитано 23982 пати)

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Fiat Coupe 2.0 16V
« на: 29 Декември 2017, 22:46:23 pm »
Да ви го претставам моето второ возило. Пред 3 месеци ја претставив Е класата која се вози секојдневно, и до сега е одлична. Ова ќе биде возило за ќеиф, и за уживање во слободно време. Инаку се работи за Фиат Купе, 2.0 16 вентили, 102 киловати или 139 коњски сили. Произведена е 1996 година, и пишува дека има 210 000 километри. Од опрема има серво, клима, кожа, електрика на стакла и ретровизори, алуминиумски бандажи итн. Подолго време барав купе возило, конкретно сакав Тојота Селика од 1990/1991 година, ама немаше таква по огласите, па изборот падна на ова. Дизајнот е фантастичен, конкретно од Серџо Пининфарина, иако е веќе 20 години стара кола. Моментално колата е дефект, така е и купена, па прво во план е да се среди моторот, ако чини многу поправката може и цел мотор ќе биде променет. Потоа сакам да се освежи и корегира бојата на некои места, па да се монтира плин итн... Ќе треба време за тоа, ама не се брзаме, се ќе си оди постепено... Еве некое сликце, тука е штотуку донесена од Велес, не е ниту измиена и исчистена, па натаму ќе има слики од понатамошниот напредок.

Отсутен D_NazGUL

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 133
  • Come to the dark side - We have cookies!
Одг: Fiat Coupe 2.0 16V
« Одговори #1 на: 29 Декември 2017, 23:06:12 pm »
Наздравје, убаво си се почастил за празнициве богами. Уживај во ќеифот и среќни празници!

Sent from my SM-G950F using Tapatalk

Zastava 101 >> Daewoo Matiz >> KIA Ceed >> Audi A3 >> VW Passat Variant >> Peugeot 508

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: Fiat Coupe 2.0 16V
« Одговори #2 на: 29 Декември 2017, 23:08:11 pm »
Наздравје, убаво си се почастил за празнициве богами. Уживај во ќеифот и среќни празници!

Sent from my SM-G950F using Tapatalk


Фала другар, среќни празници и тебе

Отсутен AlenSK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 641
  • Honda - The Power of Dreams.
Одг: Fiat Coupe 2.0 16V
« Одговори #3 на: 30 Декември 2017, 00:25:15 am »
Најубавиот модел на фиат си го одбрал, со здравје да се вози :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7827
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Coupe 2.0 16V
« Одговори #4 на: 30 Декември 2017, 00:25:48 am »
Количе што од секогаш ми правело ќеиф поготово во жолта боја. Со задоволство ке го следам проектов.

Sent from my MI 4S using Tapatalk


Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: Fiat Coupe 2.0 16V
« Одговори #5 на: 30 Декември 2017, 00:36:09 am »
Најубавиот модел на фиат си го одбрал, со здравје да се вози :)
Фала друже

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: Fiat Coupe 2.0 16V
« Одговори #6 на: 30 Декември 2017, 00:36:51 am »
Количе што од секогаш ми правело ќеиф поготово во жолта боја. Со задоволство ке го следам проектов.

Sent from my MI 4S using Tapatalk


Да во право си, црната боја не ги истакнува толку линиите, ало тоа е што е

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Fiat Coupe 2.0 16V
« Одговори #7 на: 30 Декември 2017, 00:40:41 am »
Дизајнот на екстериерот е дело на Крис Бенгл, ентериерот го има дизајнирано Пининфарина. Со здравје да се вози! :)

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: Fiat Coupe 2.0 16V
« Одговори #8 на: 30 Декември 2017, 00:57:34 am »
Дизајнот на екстериерот е дело на Крис Бенгл, ентериерот го има дизајнирано Пининфарина. Со здравје да се вози! :)
Во право си, сега проверив. Фала :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Fiat Coupe 2.0 16V
« Одговори #9 на: 30 Декември 2017, 09:16:01 am »
Супер количе. Според мене најубавиот Fiat од 1970 па навака. Создравје да се вози.

Сум се возел кај Менде Плимонт во Битола во неговиот 2.0 Turbo :) со петцилиндри и турбо од Волво камион ;D  Не знајш шо праеше колата :D

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: Fiat Coupe 2.0 16V
« Одговори #10 на: 30 Декември 2017, 22:28:55 pm »
Супер количе. Според мене најубавиот Fiat од 1970 па навака. Создравје да се вози.

Сум се возел кај Менде Плимонт во Битола во неговиот 2.0 Turbo :) со петцилиндри и турбо од Волво камион ;D  Не знајш шо праеше колата :D
Таман е, не знам шо правела колата. 😀 Едвај чекам оваа да се поправи и да ја пробам, овие денови така си ја гледам само 😀

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Fiat Coupe 2.0 16V
« Одговори #11 на: 31 Декември 2017, 14:44:08 pm »
Свака част, најомилен специјал на Top Gear ми е Middle east special само ради количево, преку 10 пати го имам гледано. Добро не е истото али тоа е тоа ...

Све најбоље !

Отсутен DzOle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
Одг: Fiat Coupe 2.0 16V
« Одговори #12 на: 31 Декември 2017, 15:30:33 pm »
Според мене  задницата ич не ми е убава како да не одговара едно со друго  сепак ствар на вкус со здравје да се вози и да си ја подсредиш.


Noo New Model Cars...I'm Riding Old SchoOl !!!

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Одг: Fiat Coupe 2.0 16V
« Одговори #13 на: 31 Декември 2017, 15:37:57 pm »
Жта да ја исфарбаш 😀 ,перверзија е со бојата.


Sent from my E5603 using Tapatalk


Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: Fiat Coupe 2.0 16V
« Одговори #14 на: 31 Декември 2017, 16:11:17 pm »
Според мене  задницата ич не ми е убава како да не одговара едно со друго  сепак ствар на вкус со здравје да се вози и да си ја подсредиш.
Добро, ствар на вкус. Мене дизајнот ми е топ, и по 20 години, уште изгледа одлично 😀