И еве како што е редот, дојде зима, па да се сменат гуми. Колата има некаде околу 46500км.
Покрај стандардната промена на летно/зимски сет, направив и една мала промена во електричниот дел, па еве тоа нека е проселдено и со по некоја слика и видео.
Станува збор за фабричката свирка, која по мене е тапа невидена и многу ме нервираше како свиреше.
Па си купив афтер маркет свирка од Ауто Лидер за 250 денари.
Ако немате што да правите, и ако сакате да си отворите работа, ова е вистински проект за вас
Еве како изгледаше се на почеток:
Прво треба да ја лоцирате свирката и да видите што се треба да извадите. Најчесто за помена на свирката треба да се вади преден браник, фар, маска и друго, зависно од типот на возилото. Јас извадив фарови и браник за мојот проект. Има еден куп штрафчиња кои треба да ги извадите за можете да го извадите браникот.
Еве ја положбата на свирката:
Прво се вади фарот, лев и десен:
Потоа штрафовите на подкрилата и пластичните штрафови под браникот, од долната страна.
Се вади браникот и се лоцира свирката. Неа ја вадиме, го диконектираме конекторот, и спремни сме за понатамошна работа. Пред да се почне со монтажа на новата свирка, треба да провериме како е направена инсталацијата на постоечката свирка. Битно е да оди преку реле со соодветен осигурач за да не испадне проблем.
Бидејќи свирките се електромагнетни, многу е важна нивната поставеност, ориентација и дистанца. Ако се блиску, треба да бидат поставени во положба која што е означена на кутијата од производот. Ако не, во тој случај поставете ги најдалеку што можете (одвоени една од друга).
По монтирањето обавезно да се провери исправноста и звукот
Чисто за да не вадите два пати фарови и браници
После тоа се враќаме назад по обратен редослед. Браник, штрафчиња, фарови, проверуваме исправност на се што сме извадиле и миеме раце
Ова е добиениот резултат:
За оваа година мислам дека е доста
Здравје следна нешто друго може да се чачне, осим ако не е убаво времето па да се фати некоја занимација