Автор Тема: Проблем со потрошувачка (Opel)  (Прочитано 2267 пати)

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Проблем со потрошувачка (Opel)
« на: 15 Декември 2017, 00:00:02 am »
Здраво на сите,

Од кога се решив да ја освежам и средам колата, некако се проблеми ми испаѓаат што е разбирливо за 20 години стара кола :) . Едно среди, друго расипи итн...

Е сега најголема болка ми е што потрошувачката МИ СЕ ДУПЛИРАШЕ од кога напраив неколку работи.

Претходно со прљав филтер за воздух скроз црн, клапна со 1цм катран на неа, свеќици р'ѓосани и несменети многу километри,прљав MAF сензор, и заглавен EGR, фаличен IAC  ми трошеше во просек 7.5L на 110-130km градска,зависи од начинот на возење. Значи со 500че терав до 130km низ град... AMA ..

...од кога сменив нов филтер(Filteron или така нешто Полски бренд) ,клапната ја светнав со Wurth TB Cleaner,сменив NKG свеќици комплет,го исчистив MAF-oт со спреј од Хубо, ЕGR-то го исчистив и го ЗАТНАВ само компјутерот да го чита ,а да не проаѓа ништо низ него, и сменет IAC , сега ми троши неверојатни 12L на 100km.

НАЈТРАГИЧНО е што се работи за Opel Corsa B 1.0 1997 .

Некој дали има на ум што може да е проблемот, зошто божем од поарно ја заебав на полошо колата.. ко да возам Mustang, a не Corsa :) .

Остана уште сензор за воздух да проверам и сензор на клапната. Corsa-та е со ECU , работи ок во глобала има проблем само кога ќе стиснам на гаста во место, во лер обртометарот иде два пати до , на пример 2.000rpm па паѓа на 1.800rpm и без да ја чепнам гаста пак си се крева до 2.000 и паѓа на 1.800... и веќе третиот пат си паѓа на 1.000rpm што е нормално...

Јас мислам дека можеби и заебав што го затнав EGR-то , зошто читав негде помагал при подобра економија.. пред да го одзатнам дали е вистина ова или има некоја друга фора. На крај краева ќе ја носам у сервис и на компјутер ќе и бараме чаре :) .

Да чујам мислења...



What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Follow me on IG: https://www.instagram.com/disco_volante159/#

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Проблем со потрошувачка (Opel)
« Одговори #1 на: 15 Декември 2017, 00:17:55 am »
Jas tipuvam na egr ot deka ne ti e isklucen kako sto treba , ili si go sjebal maf ot so cistenjeto ......

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Проблем со потрошувачка (Opel)
« Одговори #2 на: 15 Декември 2017, 00:24:46 am »
MAF-oт е нарочито чистен ради проблемот со обртаите во место кога давам гас, ама нема промена. И на него имаше доста прљавштина зошто филтерот беше ужас.. значи и пред да го чистам MAF-oт проблемот со потрошувачата постоеше, од сите работи на крај го исчистив пред 5-6 дена, така да не е до него сигурно. Уште некој да ми посумња за EGR-то утре одма го одзатнувам :)
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Follow me on IG: https://www.instagram.com/disco_volante159/#

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Проблем со потрошувачка (Opel)
« Одговори #3 на: 15 Декември 2017, 07:25:50 am »
Одзатни го ЕГР-от, и не е само заради економија тој поставен, туку и ред други работи кои јас не ги знам

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со потрошувачка (Opel)
« Одговори #4 на: 15 Декември 2017, 10:27:49 am »
Јас би се сомневал на MAF и на Lambda сондите за зголеменава потрошња :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Проблем со потрошувачка (Opel)
« Одговори #5 на: 15 Декември 2017, 11:54:18 am »
Јас би го однел у отпад  ;D
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Проблем со потрошувачка (Opel)
« Одговори #6 на: 15 Декември 2017, 11:55:29 am »
Јас би типувал на студено време и нечист воздух.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Проблем со потрошувачка (Opel)
« Одговори #7 на: 15 Декември 2017, 14:14:31 pm »
Јас би ресетирал компјутер со вадење на клеми од аку, нека учи нови параметри од сензорите.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Проблем со потрошувачка (Opel)
« Одговори #8 на: 15 Декември 2017, 14:24:30 pm »
Другарче провери си ја Ламбда сондата, дали е во ред. Ако е ок, извади клемите од акумулатор на 15 минути да се ресетира ЕКУ и шибај.

Ќе се опраи.