Автор Тема: Opel Astra J - GTC  (Прочитано 113202 пати)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: 2012 Opel Аstra J - GTC 1.6 T
« Одговори #30 на: 27 Ноември 2017, 10:31:51 am »
Од прилика вака се купува кола, турбо бензинец, од доктор возена :)
Со малку километри. Чувана прописно....

Со здравје да се вози!


Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: 2012 Opel Аstra J - GTC 1.6 T
« Одговори #31 на: 27 Ноември 2017, 10:32:37 am »
Осиче!!! Со здравје и мерак да си ја возиш! :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: 2012 Opel Аstra J - GTC 1.6 T
« Одговори #32 на: 27 Ноември 2017, 10:45:51 am »
Честито.
Баш ме интересира како се понаша модерен 1.6 турбо со 180 коња во однос на постар 2.0 турбо. Турбо дупки, распределба на снага, ово оно, ако можеш да пишеш накратко импресии ;D

Два различни света.
Кај Калибрата јасно и гласно се осеќа кога турбото ќе вклучи и тогаш те залепува за седиште, моторот е гласен и ТОГАШ воланот треба машки да го грабнеш. Кај Астрава ниту се слуша нешто, не се осеќа нешто стискаш и оп...150 си качил. Wtf?

За старт  место и на правец Калибрата мислам дека е побрза.
За кривини, хендлинг, поготово кочење, бучност, удобност, изолација, амортизација, мека вожња тука нема место за споредба.
22 години разлика си го прават своето.

Инаку колава во живо е многу поголема...само 3 цм пократка од калибрата, а доста поширока.
Назад има многу место и солиден гепек поради тоа што нема исто подвозје со 5 вратната Астра односно има подолго растојание и помеѓу предно и задно тркало и помеѓу лево и десно, како и предна суспензија од Инсигнија ОПЦ.
Оттука, Опел моделов го третира како засебен модел ОПЕЛ ГТЦ, за разлика од порано кога беше Опел Астра ГТЦ која од 5 вратната се разликуваше само по бројот на вратите.

Еве ги двете една до друга..околу 400 опелови коњчиНа..



Калибрата е:

Aстрата е:



Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: 2012 Opel Аstra J - GTC 1.6 T
« Одговори #33 на: 27 Ноември 2017, 10:48:10 am »
го продаваш југото ? ;D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: 2012 Opel Аstra J - GTC 1.6 T
« Одговори #34 на: 27 Ноември 2017, 10:57:30 am »
Не.
Го трампам за заштитни штрафови за бандажи.  ;D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: 2012 Opel Аstra J - GTC 1.6 T
« Одговори #35 на: 27 Ноември 2017, 11:08:55 am »
Си ми напраил мерак значи :)

П.С. Пази си ги прстите кога спушташ ручна :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: 2012 Opel Аstra J - GTC 1.6 T
« Одговори #36 на: 27 Ноември 2017, 11:09:04 am »
Со здравје да се вози. Прекрасно количе :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: 2012 Opel Аstra J - GTC 1.6 T
« Одговори #37 на: 27 Ноември 2017, 11:16:43 am »
Aaaaaa zver so zdravje i pamet da se vozi

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: 2012 Opel Аstra J - GTC 1.6 T
« Одговори #38 на: 27 Ноември 2017, 11:23:55 am »
Со здравје кеифлиски да си го возиш! :D

Почнаа да се збираат хот хечови у гаража на форум ;D

Присутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: 2012 Opel Аstra J - GTC 1.6 T
« Одговори #39 на: 27 Ноември 2017, 11:36:55 am »
Убавина. Честито! Со здравје да се вози!

Sent from my Redmi Note 4x


Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1480
Одг: 2012 Opel Аstra J - GTC 1.6 T
« Одговори #40 на: 27 Ноември 2017, 11:40:30 am »
Браво , еден од најубавите хот хечови ! , долго да те служи.
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: 2012 Opel Аstra J - GTC 1.6 T
« Одговори #41 на: 27 Ноември 2017, 11:44:01 am »
како би и стоеле благо затемнети стакла мх мх мх

Aпсолутно.
Тоа е една од неколкуте работи кои би ги направил, но има време.
Ако иде со затемнети стакла, секако дека задниот дел би размислил да го прелепам со црна фолија (како што предлага Зеро). Фарбање никако.

Второ за што размислувам е црн бандаж 18 ка...на 235/5050 гума (пониска никако) ...Сеуште се мислам, не не знам дали би зел и ако земам дали ќе оди на зимските или летните гуми.

Трето што сакам да порачам се оригинал алуминиумски навлаки за педаљите какви што имав на старото ГТЦ...мислам дека ќе одговараат со ентериерот.



Четврто е секако педен ОПЦ лип...со оглед на тоа дека страниците од ОПЦ бодикитот се веќе ставени од првиот газда, а задниот шанк од тој пакет ниту ми се допаѓа, ниту одговара на карактерот на колава...останува само предниот лип под браникот кој мислам дека би изгледал вака...(на сликава подоле фалат страниците кои јас ги имам)



Проблем е што кошта сочни 26.000 и тоа со попуст, како и фактот дека кад тад ќе го очешаш негде...па после ќе го кукаш.
Сегашното решение со црн лип одоздола ми е секако ОК бидејќи тој е предвиден токму за заштита на браникот, и е поефтин за мењање.

Пета работа би бил секако нов софтвер за овој мотор, за да извади рамно 200 КС ( како што и сега се продава на ново), но некако за 20 КС не би си играл играчки на нова кола поготово покрај Калибрата.

Друго ништо нема што да се пипа....само пали вози, турање гориво ( 10-11 литри градска) и редовно одржување.


Отсутен Стефан_Т

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Одг: 2012 Opel Аstra J - GTC 1.6 T
« Одговори #42 на: 27 Ноември 2017, 12:15:30 pm »
Честито, фантастична кола..
11 литра, мене толку ми троши C4 1.4i со 90 (жими мајка) коња..

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: 2012 Opel Аstra J - GTC 1.6 T
« Одговори #43 на: 27 Ноември 2017, 12:30:38 pm »
Со здравје да се вози, љепотиц е :D
New blood of old school

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: 2012 Opel Аstra J - GTC 1.6 T
« Одговори #44 на: 27 Ноември 2017, 12:39:16 pm »
Честито, фантастична кола..
11 литра, мене толку ми троши C4 1.4i со 90 (жими мајка) коња..

Исто трошеше и мојата прва Астра 1.6 со 115 кс.
Ништо страшно.