п.с Чекам равенки,х и y познати и непознати дали е можно или не е можно да се стигни од Пп до Бт за 11 мин. па да клајме 1000е на маска и да пробаме.
Епа вака некако иде математиката. Од
стопанска банка во Прилеп кај кружниот тек па до клучката на патот ПП-БТ кај могилата има растојание од 2.4 км. Ако се движиш со 60 км/ч низ градот и притоа не застануваш никаде, некаде за 2 минути и 30 секунди ќе бидеш надвор од Прилеп (затоа што при 60 км/ч, уствари се движиш со 1 километар на 1 минута, 60 минути, 60 километри, за да ме сфатиш)
Од тука па до кружниот тек во Битола кај триаголникот има 39 км.
Ти преостануваат 8 минути и 30 секунди за да стигнеш.
За да поминеш 39 км за 8 минути и 30 секунди, треба да возиш со 275 км/ч и тоа инстантно да возиш со 275 км/ч пошто со 275 км/ч поминуваш 4.58 км за 1 минута. (275 км/ч поделено со 60 минути е 4.58 км на 1 минута, за 8 минути ќе поминеш 36 км, и уште 2.29 км за тие 30 секунди).
Бидејки имаш наведено дека ова си го извел со возило чија мокност е 105 кс, малку тешко 275 км/ч крајна брзина.
Е сега ако пресметуваме од клучката кај могилата до кружниот кај Битола, ондак тие 39 км за 11 минути би ги прошол ако возиш со 215 км/ч и тоа повторно ке ти нагласам, треба инстантно да возиш со 215 км/ч.
Али пошто станува збор за возило со 105 кс (претпоставувам дека е нешто голф или ауди со 1.9 тди), ондак максималната брзина на нив им е околу 190 км/ч. (така вели страницава:
https://www.autoevolution.com/cars/volkswagen-golf-v-5-doors-2003.html#aeng_volkswagen-golf-v-5-doors-2003-19-tdi-105-hp )
Али да претпоставиме дека можат да развијат и 215 км/ч како максимална брзина, и сега во пресметката да се додаде и времето додека да стигнеш до 215 км/ч, ќе ти треба околу 1 минута и 30 секунди најмалку за да стигнеш до 215 км/ч. Во таков случај за да го надоместиш времето губејки го во забрзувањето, веќе треба да возиш со максимална 225-230 км/ч.
Според математикава не штима дека можеш со тоа возило да стигнеш за 11 минути ниту од клучката кај могилата во Прилеп, а да не збориме за од центарот каде што би ги изгубил околу 2 ипол минути низ градот.