Автор Тема: Opel Astra J - GTC  (Прочитано 113300 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #150 на: 08 Февруари 2018, 23:59:40 pm »
Искрено Бела - Сребрено комбинација е многу лоша. Нема никаков контраст. Нема поента комбинацијата.
Како да е скрпен браникот од некоја сребрена астра.

Терај си го црно. Напред браникот е ист таков. Со црна дупка, така да со тоа ќе се спои како целина.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #151 на: 09 Февруари 2018, 00:38:45 am »
Денес стигнаа...




За по мирен сон.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #152 на: 09 Февруари 2018, 10:23:17 am »
И јас ги имам оригиналните од „GM“ меѓутоа слушнав пред некое време дека на некој дури со 2 сигурносни му ги украле фелните. Лоповска работа али како што пиша колку толку по мирен ќе биде човек.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #153 на: 09 Февруари 2018, 14:29:59 pm »
Паметно со сигурносните  штрафови ,не дека се некоја најсигурна гаранција меѓутоа многу значи

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #154 на: 12 Февруари 2018, 09:51:10 am »
Вака како што се јас не гледам друг начин да се украдат освен со бушење али подобро да не дознаам...
Она што дознав е дека внатрешниот ретровизор ми е light sensitive (или како се вика) и самиот се затемнува ако позади мене опали некој чаирски ксенон.  8)...

Oстатокот од опремата, меѓу другото содржи:


Радио CD 400 со троен инфо дисплеј
Аудио интерфејс USB
Контрола при рамномерно возење со ограничувач на брзината
Контроли на радиото на воланот
Спортска шасија
Предна суспензија HiPerStrut
Ватово поврзување на задната суспензија
Серво волан чувствителен на брзина
Програма за електронска стабилност (ESP®Plus)
Прекинувач за деактивација на воздушното перниче, предни и странични воздушни перничиња за совозачот
Двојни затегнувачи за појас
Потсетник за појас
Систем за ослободување на педалите
Isofix прицврстување, странични задни седишта
Електрика на ретровизори, загревање на ретровизори, во боја на каросеријата
Електрика на прозорци, предни
Предни позиции за читање, со осветлени прекинувачи
Прегради на наслоните на предните седишта
Поделба на задните седишта 60:40, на превиткување
Декоративни лајсни Dolomite Pearl Light
Дневни светла (DRL)
Темни задни светла
Патен компјутер со контроли за проверка
Електрична контрола на климата за двојна зона
Светла за магла, напред
Кожен волан со далечинско управување на радиото и контроли за рамномерно возење
Пакет за осветлување Sight & Light: сензор за дожд; внатрешен ретровизор, чувствителен на светло; автоматско вклучување на светла при детектирање на тунел; помош со долги светла
18-инчни алу тркала
Ткаенина/Morrocana комбинација Track, Jet Black
Сирена со со два тона
Двојни издувни цевки
OПЦ странични спојлери

Чекам да стигнат..
« Последно менување: 12 Февруари 2018, 10:19:38 am Stratro »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #155 на: 13 Февруари 2018, 13:33:06 pm »
Дечки ЛЕД сијалички за колава (комплет DRL, магленки и сите во фарот, сијалички за таблици како и задни )?
Да или не и зошто?
И каде може да се набават?







« Последно менување: 13 Февруари 2018, 13:51:36 pm Stratro »

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #156 на: 13 Февруари 2018, 14:01:42 pm »
https://www.hids-direct.co.uk/

Еве рецимо овде. Само мора да знаеш точно какви се. И мора да гледаш секои да имаат најсилен CANBUS, за да се намали веројатноста да ти јавува дека имаш прегорена сијалица.

Врстата на сијалици ќе да е оваа:


Според овие: https://www.powerbulbs.com/store/category/car-bulbs/fitting/h7-499

H7 HID со 55W и canbus 4300к, само треба да се провери како се монтира сијаличката. Дали табчето на оваа што ја возиш сега е горе или доле. Ако е горе тогаш немаш проблем и ќе пасува plug and play. Ако е надоле треба малце да се сецне сијалицата за да влезе со жичката надоле.

Другите се класика ЛЕД ови и само ставаш и пробуваш дали јавува проблем на шалт табла. Ако не идеш даље и тоа е тоа.

Рикверцот ти е P21W најверојатно.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #157 на: 13 Февруари 2018, 14:09:22 pm »
Мене ми беше идејата да порачам комплетен сет за колава...по број, се по ред.

А стои и опцијата за бели обични (Phillips xenon effect) какви што иман на Калибрата..

Но не знам што е подобро...

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #158 на: 13 Февруари 2018, 14:15:43 pm »
Ако сакаш да останеш на Халогени тогаш најдобра препорака ти е OSRAM Night Breaker Ultimate.

Листа можеш да погледнеш тука со мерења: http://bulbfacts.com/

Ултимејтот вадат најјак сноп 2240LUX со 3560К боја.

Вајтвижн имаат 3950К при 1650LUX. Што е пак прифатливо осветлување.

Види си, разгледај си. Најлесна работа е да се наштрафи нова H7 мица, само прашање е што ќе ти се бендиса повеќе. Се додека е над 1600LUX, испод тоа треба да се избегава.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #159 на: 13 Февруари 2018, 23:35:18 pm »
Фала на исцрпно инфо...секако ќе ги мењам жолтиве до летото.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #160 на: 21 Февруари 2018, 15:55:51 pm »
Jеј..иста ко мојата и по мотор, бандаж и ентериер...само жолта без ОПЦ страници и дупли издув.


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #161 на: 21 Февруари 2018, 22:12:32 pm »
Поздрав од мој колега на работа


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #162 на: 22 Февруари 2018, 15:30:10 pm »
Уште се мислам за задниот дел...
Ова е мат пластика која (лично) ми делува малку по ефтино, а и може лесно да се прља или праши..

Да не биде работава, стај фолија па нон стоп со крпчето де се пупам...

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #163 на: 22 Февруари 2018, 15:55:14 pm »
Ја не би се мислел. Ја одма, под хитно, некако би го напраил црно.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #164 на: 22 Февруари 2018, 16:25:57 pm »
Кај им бил паметот на тие што смислиле не црна опција.