Малце да се обнови темата, сменив брисач, Магнети Марели, убаво си брка работа, 250 денари го платив.
Друга работа, некој ми ги украл десната решетка и капачето за куката за влечење, порачани нови, заедно со нова халогенка бидејќи претходно и таа се скрши. Цените 1500 за халогенката, 250 за решетката и 380 за капачето кое едвај го најдов на каросерија.мк. Во план сум и целиот преден браник да се среди бидејќи целиот и изударан од камчиња и не личи на ништо.
Трета работа, ентериерот ептен ми прави мерак, стварно е се ептен квалитетно и склопено е како што треба, и по толку години користење не се приметуваат годините, може само едно хемиско на седиштата заради малиот шо ми ги валка постојано.