Автор Тема: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift  (Прочитано 60268 пати)

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #195 на: 11 Март 2021, 08:19:29 am »
Да се чуде човек колку лош народ постои, синоќа некој ми го откорнал знакот од хауба. Одма побарав, и најдов во Авто Кимов, имаше еден кинески знак 650 денари, ама многу лош квалитет, па го земав еден наводно германско производство, 950 денари. Утре ќе се монтира. Без него не ја личе колата. :D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
И на С-от и на Е-то, уште прва вечер ги снема знакчињата... среќа кај шо ги одржавам имаа еден знак од некоја растурена па ми го дадоа


Sent from my iPhone using Tapatalk

Мене првпат ми крадат знак, пред некој месец ми ги украдоа и пластиките од браникот, ама тоа е кога се нема гаража, така ќе биде.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1479
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #196 на: 11 Март 2021, 13:50:32 pm »
Вака ако продужиш ќе му станеш редовен на овој шо ти ги краде :)
Он навечер откорни, ти сабајле нов ;D
Земи стави од оние како капачки што се наместо знаков.
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #197 на: 11 Март 2021, 17:10:58 pm »
Вака ако продужиш ќе му станеш редовен на овој шо ти ги краде :)
Он навечер откорни, ти сабајле нов ;D
Земи стави од оние како капачки што се наместо знаков.
Друже не го личи таков. 😁

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #198 на: 30 Март 2021, 12:34:58 pm »
Ден за регистрација, вкупен трошок 12 567 денари.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #199 на: 30 Март 2021, 22:40:57 pm »
Многу мизерен народ има многу.... И мене ми го искршија незнам само што постигнуваат таквите.

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #200 на: 13 Јули 2021, 23:17:24 pm »
Конечно во четвртокот сменив шофершајбна во Новус, 8000 денари платив, па во петокот од сабајле Цацко од К15 ме удри на паркинг во предно десно крило. Направивме европски записник, минимално оштетување има, ама деновиве и тоа ќе се среди. :D



Присутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #201 на: 04 Август 2021, 12:15:45 pm »
Конечно во четвртокот сменив шофершајбна во Новус, 8000 денари платив, па во петокот од сабајле Цацко од К15 ме удри на паркинг во предно десно крило. Направивме европски записник, минимално оштетување има, ама деновиве и тоа ќе се среди. :D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Цацко пешки те удри?
Зарем со толку мало оштетување си поминал од Цаци :)

D-r Ordevski


Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #202 на: 04 Август 2021, 17:10:18 pm »
Конечно во четвртокот сменив шофершајбна во Новус, 8000 денари платив, па во петокот од сабајле Цацко од К15 ме удри на паркинг во предно десно крило. Направивме европски записник, минимално оштетување има, ама деновиве и тоа ќе се среди. :D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Цацко пешки те удри?
Зарем со толку мало оштетување си поминал од Цаци :)

D-r Ordevski


Хаха, со кола ме удри, додека вртеше во рикверц. Нема везе, битно се запознавме со Цацко, инаку баш денес ми стигна писмо дека се одобрени 6239 денари за санирање на штетата.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #203 на: 04 Август 2021, 18:28:18 pm »
Ако не е оштетена бојата, пробај кај дечкине што извлекуваат.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #204 на: 05 Август 2021, 10:43:42 am »
Да види тоа со извлекуање што има. Го спомнаа тука некој дечко од Лисиче во Скопје. Мислам дека имаше и еден таму во Неготино/Кавадарци го фалеа едно време кога на сите им се оштетија колите од град. Ама оддамна беше не се ни сеќавам веќе.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #205 на: 05 Август 2021, 19:30:52 pm »
Мислам дека за дечкиве се пишуваше:

https://www.facebook.com/profile.php?id=100009631251045

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #206 на: 06 Август 2021, 01:21:08 am »
Не знам, до сега не сум имал искуство со осигурителните за ваква работа, мене ми понудија да одберам помеѓу четири фирми од Кавадарци кои им биле соработници, и според писмото по ми стигна тие дирекно на сметка на сервисот ги уплатиле парите. Сега треба само да најдам време да ја оставам колата да ја средат.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #207 на: 06 Август 2021, 09:43:03 am »
Не знам, до сега не сум имал искуство со осигурителните за ваква работа, мене ми понудија да одберам помеѓу четири фирми од Кавадарци кои им биле соработници, и според писмото по ми стигна тие дирекно на сметка на сервисот ги уплатиле парите. Сега треба само да најдам време да ја оставам колата да ја средат.

Епа мислам требало да те прашат дали да ти платат пари кеш на сметка или тие да ти барат сервис.

Со тоа што ако не се лажам ако сакаш пари на сметка нешто помала е сумата :) (можда грешам ова)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #208 на: 06 Август 2021, 10:01:09 am »
Имаш три опции - да ти пуштат пари на сметка, па ти заебавај се, каде сакаш носи ја колата.

Втора - те праќаат кај нивен сервис со кој соработуваат, и они си се расправаат.

Трета - ти бираш сервис, кажуваш податоци, па сервисот праќа проценка за колку пари би ја направил колата, па се натегаат, па се убедуваат, па они плаќаат директно на сервисот што ти си го избрал.

Сите опции имаат и предности и маани. Јас лично, пошто ме снашло, би ги земал парите на моја сметка, ќе си одберам сервис, а ако треба нешто да се доплати, би си доплатил, само да не кинам живци.

Тоа е.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Mercedes W210 E220 CDI Classic facelift
« Одговори #209 на: 06 Август 2021, 10:57:59 am »
Шурата мој го лупнаа во браник назад.

Си побара да му ја направат во Аутомакедонија.

Аутомакедонија му ја заебаа работата :)) катастрофа испадна освен моментот што беше навистина добро погодена нијансата на браникот со каросеријата.

Го имаа набиено браникот при монтажа.

Оди најди НЗС