Моето искуство со Лукоил/Макпетрол е следно.
Возам со Racechip, во двете возила. Истиот бара строго квалитетно гориво, за да моторот си ја заврши работата ( со него заедно ).
Со оглед дека точев горво на Лукоил, не беше ретка појавата, возилото да отиде во safe mode, и морав да го исклучам Racechip-от за да возам во нормален мод. ( Еднаш дури застанував на автопат спрема Белград за да го направам ова ).
Во контакт со Германците од Racechip , ми препорачаа да сменам место на полење на гориво. Од тогаш само Макпетрол. И од тогаш никогаш проблем повеќе.
Ова се однесува за дизел.
Кога е во прашање бензинот, прилично осетливиот мотор на GOLF 6 1.4 Tsi 122KS, нерамномерно работеше и со 95ката и со 98цата на Лукоил.
Работата се смири со 95ката на Макпетрол.
Така да за мене, барем засега, Лукоил е заобиколен во голем круг. Од макептрол ми се заобиколени само бензиските кои немаат автомат за кафе Illy. Предност се тие со цеден портокал у комплетче, како таа на Илинденска.