Се чини дека гласините што кружеа за новата генерација на М3 каде што се велеше дека моторот ќе има шест цилиндри во линија и три турбо полначи од кои едниот ќе биде електричен се вистина.
BMW во Европскиот центар за патенти го патентираше електричниот турбо полнач. Системот е составен од турбина со тело, ротор и лопатки, електромотор, батерија и серија од ламели преку кои турбината се става во погон.
Електричниот турбо полнач почнува да работи од празен од на моторот, односно од „лер” со што практично целосно се елиминира турбо дупката карактеристична за класичните мотори со турбо натполнење.
Откако ќе се достигнат одреден број на вртежи тогаш електричниот турбо полнач се исклучува и во погон влегува обичниот турбо полнач, поточно твинтурбото на BMW кое користи едно куќиште за два трубо полначи.
Во периодот кога електричниот турбо полнач нема да работи електромоторот споен преку ламели ќе се откачува од турбината и ќе игра улога на генератор и ќе ја полни батеријата.
Притоа електронската контрола на електромоторот ја чува турбината од преголем број на вртежи со што се елиминира потребата од поставување на традиционален издувен вентил wastegate.
Од BMW сеуште не истакнуваат во кои модели ќе се вградува електричниот турбо полнач, но претпоставките се дека тоа ќе биде M3. Подетални информации се очекуваат.
http://vozi.com.mk/vesti/bmw-ja-patentirashe-elektrichnata-turbina.html---------------------------------------------------
Jas mislam 3 se premnogu.