Автор Тема: Citroen C4 1.4 16v  (Прочитано 9521 пати)

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Citroen C4 1.4 16v
« на: 28 Јуни 2017, 18:58:31 pm »
Ај и јас да го претставам мојот.
Јас како човек кој е најголем поборник и не може да го смисли 1.4 бензин у никаква варијанта, по толку мразење и плукање на крај ми се одби од глава ме фати клетвата и завршив со 1.4 бензин, за да биде трагедијата уште по голема кога го купував бмв то отидов со цел да не биде црно, испадна црно, реков крај више последна црна кола у живот, на крај па бидна црна хаха( од сеа ќе почнам да зборам против м5 f10 individual silver па ќе видиме као ќе се одвиваат работите хаха).

Дакле, се работи за C4 2005та година прозиведен купен од Автонова, 3ти газда, првиот на татко ми колега, втриот вујко ми(ја зема од првиот со 500км поминати) и мене ми искочи убава прилика за неа и си викам што да не јес да е небо и земја со бмв-то и тоа првично се даде да се земе нешто боље ама бидна шо бида. Првичната замисла беше да се продаде, ама као што глеам се завози мада и првичната замисла сеуште не е исклучена, ќе видиме, најверојатно ќе биде второто хаха ;D

Ај малце по детално околу колата

Марка: Цитроен
Модел: ц4 МК1 prefacelift
Стил на каросерија: Хечбек
Број на врати: 5
Мотор: 1.4 16v 88HP пежо мотор
Километри:145 000
Опрема: ?x воздушни перничиња(треба да ги избројам ;D), круз контрол, спид контрол, 4 сони звучници во вратите, афтермаркет радио, клима, возачко седиште подесиво по висина, електрика на предни прозори, бицепс систем задни прозори, електрика на ретровизори, MOMO gt2 алуминиумски бандажи со 205/55R16 Pirelli Cinturato P7 Летни гуми и челични 15ки со (ќе пишам нахнадно забораив што гуми беа), магленки.

Се вози на Landi Renzo плински уред, меѓутоа нешто проблематична ми е трокираше работеше на три цилиндри и на плин и на бензин, сменета беше бобина испадна дека не е, измерена компресија, на вторипт цилиндар што не палеше имаше највише компресија, сменета е клапната, на почеток си работеше се као што треба ко да се опраи колата меѓутоа после 200километри почна да трокира, да губи снага ѓавато и плетвар со 70-80 ги качуваше едвај, у safe mode da влага ај си викам да продужам д го барам чарето, ја однесов у еуро импекс ја турија на тестер и извади до детал се пошто е нели официјален тестер, клапната  не ја покажуваше  меѓутоа пак покажа втор цилиндар,ја возев вчера и денеска на бензин се беше у ред као да се прероди колата и ми рекоа денеска да дојдам за да сменат свекици, идејки денес накај еуроимпекс па ми светна Check engine  и влзе у safe mode и ја преполови снагата, сменија свеќици ставија OEM PSA BOSCH, и ми рекоа н бензин да ја возам 50тина километри и да отидам на плинар да ги премапира двата компјутера и он да ја пребаци на плин. Мање више зезанции ко на Lambda c4ката(паралелно бркам мојот проблем и се координирам со неговата тема и проблем). Сеа за сеа е добра од коа се сменети свекиците па ќе видиме.

Од други сервиси сменети се 3 бобини до сеа(поради друг проблем) имаше проблем од сонце гумата на лајсната од брисачите на шофершајбна што е гори се кинеи дупка зјае и од дожд од перење течеше вода у моторот и се расипаа, сегде се трескаа со цената од земја за лајснта пошто неможе да се смени само гумата пошто е излиена на пластиката и на крај земав лепак за шофершајбни и се помина цела лајсна како што стоеше гумата педантно и фабрички дојде неприметно, друго сменети се амортизери, дихтунг на глава, редовни сервиси, стабилизатори, некои јастучни/воздушни стабилизатори на предните амортизери, плочки, дискови и остало не ми текнува сеа моментално.

А да и со ќерамика е помината пред месец дена ;D

Еве слика некоја од неа што ја иам, подобри слики и од внатре ќе турам деновиве само да ја исперам.





Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Citroen C4 1.4 16v
« Одговори #1 на: 28 Јуни 2017, 20:04:41 pm »
Со здравје да се вози, па ти се си и сменил :) бтњ добар бандаж

Sent from my F5 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Citroen C4 1.4 16v
« Одговори #2 на: 28 Јуни 2017, 20:21:25 pm »
Фала, за мењањето боље се него ли да ме боли глава постепено хаха

Што се однесуе до бандажот поише ми се свиѓа со овие и некои други афтер маркет него ли со фабричките алуминиумски, некако се издвојува од другите :D

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Citroen C4 1.4 16v
« Одговори #3 на: 29 Јуни 2017, 14:53:36 pm »
Со здравје да се вози, кој е тој лепак за шофершајбни, кај го има и колку кошта?

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Citroen C4 1.4 16v
« Одговори #4 на: 29 Јуни 2017, 15:01:18 pm »
Фала, иначе  лепакот е бостик и треба да го има скоро во секоја продавница за бои и лакови а цената е околу 300 зависи која фирма е, треба да има и во вурт у пинтија.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C4 1.4 16v
« Одговори #5 на: 02 Јули 2017, 00:06:15 am »
ајде колега, кај си до сега да ја преставиш колава... :D

Со здравје да се вози!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Citroen C4 1.4 16v
« Одговори #6 на: 02 Јули 2017, 12:08:03 pm »
ОО епа честитки! Убаво количе! Создравје да се вози ;) ;D

Дихтунг на глава? Аман бе? Де бе.

Си имаат овие количиња glitches, особено со електриката, ама кога се погодени се доста добри за возење.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C4 1.4 16v
« Одговори #7 на: 02 Јули 2017, 15:28:48 pm »
Најголемиот glitch кај овој мотор е дихтунгот на глава. Над 80% го имаат.

Проблеми со плинскиот уред - секојдневие.

Проблеми со електроника и не така многу.

Бравите на вратите, и позади на гепекот знаат да бидат pain in the ass...

Како и да е, се е релативно брзо и евтино за решавање.

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Citroen C4 1.4 16v
« Одговори #8 на: 02 Јули 2017, 21:16:03 pm »
Фала фала

дихтунгот на глава е мењат како стандардна болка кај сите овие мотори, за малце пак ќе се мењаше ако се отвараше главата ради вентили на втор цилиндар ама среќа испадна компресијата добра и проблемот до свеќица и искочи дека не е изгорен вентил и не се отвори главата. што се однесува до другите проблеми стандарден проблем им е задната брава то ест кај мене си функционира све најнормално само што не може да се отвори гепекот на клуч, мора да се отклучи колата преку далинско и да си се отвори гепекот најнормално рачно.

Што се однесува до плинот и работата на колата се сменија свекиците и се ресетираше бензинскиот компјутер во еуроимпекс, се ресетираше и што друго му правеа у плимонт на плинскиот компјутер не знам се вози 50 километри на бензин и треба да се префрли после тоа на плин, на бензин добро се понаша ко ништо да нема, на плин треба да се префрли денес утре па ќе видиме, пошто на неа имаше свекици кои што не одговарале на овој мотор со плинот, па ставени се фабрички бош.

И искочи уште еден проблем кој не можеше да се најде никако проблемот и на крај искочи дека е  жичка скината, наиме возачкиот прозор престана да работи сменив моторче со модул иста прикаска, сменив командна табла иста прикаска направени беа уште неколку комбинации со други моторчиња и командни табли па исто. И си викам неам чаре друго него да ја носам кај електричар за да почне да го бара проблемот кај затајува струја пошто идеше струја до моторчето зуеше коа ќе се стисне копчето ама не вртеше. И на крај си викам дај да видам да отворам за секој случај вратата сревото гумено ребрасто што идат кабли за звучници, централно, прозори од врата у кола, го отворив цревото и коа видов дека е скината зелено-жолтата жичка не знаев дали да се смеам или да плачам поради зезанциите претходните два дена, и пошто беше лошо цвикната, односно не можеше да се спои се направи бајпас еден се залеми и сеа си функционира све нај нормално. All in all ќе се скапев пари давајќи додека не откриев на крај дека е жичка скината.

Искрено сеа од коа се среди имав можност да ја осетам што е како е и да кажам право ме изненади ко за 1.4 дали дека е 16в или не не знам. Трупче си е како и да е не е кујзнае што, ама за 1.4 си повлекува импресивно, пошто сум возел и други 1.4 бензинци и сите биле 8в, оваа ме ипресионираше позитивно.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Citroen C4 1.4 16v
« Одговори #9 на: 02 Јули 2017, 21:53:33 pm »
И јас исто се изненадив од "влечењето" на колата сепак е 1300 килограми.Прееска на вракање од велешко после патарина на брдото по угирницата со пуштена клима и на плин си крена 150 без некое мачење

Sent from my F5 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Citroen C4 1.4 16v
« Одговори #10 на: 02 Јули 2017, 22:46:54 pm »
Мојата со проблем велешко го качуваше едвај со 80, сеа средена треба да ја пробам.

@KaZaN фала за инспирацијата за лепенката  ;D
« Последно менување: 02 Јули 2017, 22:53:57 pm stapmkd »

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C4 1.4 16v
« Одговори #11 на: 02 Јули 2017, 23:06:08 pm »
Местенцето си е створено за лепенка. :)

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Citroen C4 1.4 16v
« Одговори #12 на: 18 Јули 2017, 18:24:50 pm »
Денес регистрирана

-Технички 2164 денари
-Осигурување 6440 денари со патници
-Фонд за патишта 2150 денари
-Таблици нови и сообраќајна(пошто предната сум ја остаил на тротоар некој)  1450денари

               Тотал: 12 204 денари

-Зелен картон годишен не е изваден по потреба ќе се извади цената му беше 3700 денари

Регистрирана и испрана у псс зајчев рид(мада не сум некој фан на автоматски четки, башка што ја испраа и избришаа ко мачката со опашката)

Слики со новите таблици наскоро.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Citroen C4 1.4 16v
« Одговори #13 на: 18 Јули 2017, 19:55:55 pm »
На здравје
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Citroen C4 1.4 16v
« Одговори #14 на: 12 Август 2017, 00:41:48 am »
@stapmkd како и проверуваш уље?со она умренана шипка ни можеш да видиш колку имаш уље ни да ја наместиш прецизно да покаже :@ 40 цм шипка ставиле
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)