Имав еден куп идеи за следна кола и сосема случајно наидов на ова и решив да го земам, се работи за Мерцедес Ц230 Компресор, 2,3 мотор мислам дека е 197коња, рачен менувач со 6 брзини.
Впечатоци, многу сум изненаден за тоа колку добро влече колата, многу удобна вожња има, воланот е многу прецизен не е ниту прелесен ниту пак претежок, суспензијата не е баш тврда ко за спортско купе мислам дека тоа може да се види и од висината на колата, но затоа многу пријатна вожња има. Седењето е исто многу удобно во колава.
Не толку позитивни впечатоци, звукот на издувот и моторот, сепак е 4 цилинди со суперчарџер и не е некој којзнае колку интересен звук иако е направен да бучи малце по спортски, се до моментот не го стиснеш во повисоки вртежи.
Сега за сега тоа, ке повозам некое време и ке пробам да споделам повеке детали.