Автор Тема: Преден десен фар за BMW Е90 (оштетен, се поправа)  (Прочитано 1682 пати)

Отсутен dangthe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Продавам оригинален преден десен (совозачка страна) фар за BMW Е90 кој има мали оштетувања кои се поправаат. Едниот држач е скршен, а другиот е делумно оштетен и има мала дупка на задната страна од ударот - се консултирав со Игор од Драчево што заварува пластика и рече дека се средуваат сите недостатоци, поправката ќе чини околу 1000 денари.

Станува збор за фар кој користи нормални светилки (не е Xenon / LED)

Видливиот дел од фарот е недопрен и работи најнормално (јас го возев месец и пол дур чекав да стигне новиот, сите невремиња периодов ги поминав со него, не кондензираше, не влезе вода во него итн). Единствената причина зошто одлучив да нарачам нов а да не го поправам овој е затоа што човекот што ме удри се понуди да ја плати штетата, колку и да кошта.

Исто така оштетувањата од надворешни влијанија и УВ зраци се минимални, тоа го знам бидејќи го однесов другиот фар на полирање кога ми го монтираа новиот (бидејќи не изгледаа исто) и после полирањето буквално нема никаква разлика помеѓу стариот и новиот



За фаров да се исполира и да се заварат пластичните делови трошокот е околу 2000 денари.

Цената на фарот е 12000 денари (за информација, нов чини 34500 денари)

За дополнителни информации стојам на располагање







« Последно менување: 16 Јуни 2017, 00:20:50 am dangthe »

Отсутен dangthe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: Преден десен фар за BMW Е90 (оштетен, се поправа)
« Одговори #1 на: 30 Октомври 2017, 13:54:08 pm »
up

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Преден десен фар за BMW Е90 (оштетен, се поправа)
« Одговори #2 на: 13 Ноември 2017, 07:58:58 am »
Имам лев фар ваков да ти дадам комплет да ти биде?😁

Отсутен dangthe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: Преден десен фар за BMW Е90 (оштетен, се поправа)
« Одговори #3 на: 13 Ноември 2017, 11:28:29 am »
Не се исти фаровите за Е90 пред и после фејслифт

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Преден десен фар за BMW Е90 (оштетен, се поправа)
« Одговори #4 на: 13 Ноември 2017, 11:49:05 am »
заварува пластика?

Отсутен dangthe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: Преден десен фар за BMW Е90 (оштетен, се поправа)
« Одговори #5 на: 13 Ноември 2017, 12:40:29 pm »
заварува пластика?

Така он го нарекува тоа, ми го препорачаа луѓе од форумов, јас не го познавав типот пред тоа

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Преден десен фар за BMW Е90 (оштетен, се поправа)
« Одговори #6 на: 13 Ноември 2017, 21:15:05 pm »
Не се исти фаровите за Е90 пред и после фејслифт
Даа, не приметив дека овој е од фејслифт.. Извињавај... Овој кај мене е од еден другар, си купи фарови со лупа кога ставаше М-пакет, десниот се продаде одма, ама за левиов се нема јавено никој... така стои собира прашина...