Продавам оригинален преден десен (совозачка страна) фар за BMW Е90 кој има мали оштетувања кои се поправаат. Едниот држач е скршен, а другиот е делумно оштетен и има мала дупка на задната страна од ударот - се консултирав со Игор од Драчево што заварува пластика и рече дека се средуваат сите недостатоци, поправката ќе чини околу 1000 денари.
Станува збор за фар кој користи нормални светилки (не е Xenon / LED)
Видливиот дел од фарот е недопрен и работи најнормално (јас го возев месец и пол дур чекав да стигне новиот, сите невремиња периодов ги поминав со него, не кондензираше, не влезе вода во него итн). Единствената причина зошто одлучив да нарачам нов а да не го поправам овој е затоа што човекот што ме удри се понуди да ја плати штетата, колку и да кошта.
Исто така оштетувањата од надворешни влијанија и УВ зраци се минимални, тоа го знам бидејќи го однесов другиот фар на полирање кога ми го монтираа новиот (бидејќи не изгледаа исто) и после полирањето буквално нема никаква разлика помеѓу стариот и новиот
За фаров да се исполира и да се заварат пластичните делови трошокот е околу 2000 денари.
Цената на фарот е 12000 денари (за информација, нов чини 34500 денари)
За дополнителни информации стојам на располагање