Изгледа некој лошо ме разбрал. Кога кажав дека има се освен странични аирбегови и електрика на задни прозори мислев дека отприлика знаеш што има кај оваа кола како дополнителна опрема. Значи од тоа што може да има (она што производителот го нуди) фалат само овие две работи. И да сум сакал нешто плус од ова во тоа време и за овој модел не се нудело. Иначе ајде поточно што има: АБС, серво, клима, аирбег за возач и совозач, електрични ретровизори, подесиво возачко седиште по висина, волан подесив по висина (не и длабочина), кожен волан со команди за радиото, кожен менувач со полиран алуминиум, лизгачка задна клупа делива 60:40, патен компјутер, магленки и пар ситници кои го одвојуваат од јарис со послаба опрема како дополнително светло во кабината, заштитни лајсни на браниците во боја на каросерија и то. Мислам дека сега сум појасен во тоа што сакав да го кажам
и се извинувам ако некој погрешно ме разбрал