Автор Тема: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)  (Прочитано 749447 пати)

Отсутен D_NazGUL

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
  • Come to the dark side - We have cookies!
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3945 на: 25 Октомври 2026, 21:16:18 pm »
Zontes, Suzuki burgman и било кој други незнам која е логиката да се офрчиш три и кусурот илјади евра за нешто што едвај оди стотка со мачење,  било кое од оние генерични "Папаки" модели одат исто, само се едно две и пол илјади евра поефтини. А и не до полагаш ништо нит регистрираш. Ако ти е малце, има биг бор китови за 50-100 евра 150цц +двете ѕвезди на преносот,ќе извадиш уште некој коњ и крајна плус.
Затоа што не е се во крајната брзина. Не верувам дека било кој што гледа да купи 125цц за да го вози со Б категорија е заинтересиран да победува на трки.

Поентата е полесно функционирање, а со скутер кој има простор под седиштето и дополнителен куфер, како и заштитата од ветер што ја имаат од пластиките го прави далеку подобра опција од папаки. Ако се земе во предвид и дебелината на гумите кај скутерите наспрема папаки, како и АБС и други додатоци, нема никаква споредба помеѓу нив.

Sent from my SM-S948B using Tapatalk

Скутерот ми е баш за градско движење, претежно до работа и назад јер паркинг нема ни да си платам. Не планирам да одам на автопат со него - си ја сакам удобноста на кола.
Папаки имам дома, го вози син ми, не ми се допаѓа искрено полуавтоматикот инаку да иде накај 80-90. Сакам постабилен скутер со АБС минимум јер сум скоро 50ка и не мислам да се глупирам.
Затоа и ми се тие модели во потесен избор. 50-ка прекинав да гледам кога сфатив дека ако треба да избегнам бош ситуација боље да се симнам и да подгурнам малку.  ;D
Zastava 101 >> Daewoo Matiz >> KIA Ceed >> Audi A3 >> VW Passat Variant >> Peugeot 508 >> Hyundai Tucson

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2135
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3946 на: 25 Октомври 2026, 21:18:39 pm »
Zontes, Suzuki burgman и било кој други незнам која е логиката да се офрчиш три и кусурот илјади евра за нешто што едвај оди стотка со мачење,  било кое од оние генерични "Папаки" модели одат исто, само се едно две и пол илјади евра поефтини. А и не до полагаш ништо нит регистрираш. Ако ти е малце, има биг бор китови за 50-100 евра 150цц +двете ѕвезди на преносот,ќе извадиш уште некој коњ и крајна плус.
Затоа што не е се во крајната брзина. Не верувам дека било кој што гледа да купи 125цц за да го вози со Б категорија е заинтересиран да победува на трки.

Поентата е полесно функционирање, а со скутер кој има простор под седиштето и дополнителен куфер, како и заштитата од ветер што ја имаат од пластиките го прави далеку подобра опција од папаки. Ако се земе во предвид и дебелината на гумите кај скутерите наспрема папаки, како и АБС и други додатоци, нема никаква споредба помеѓу нив.

Sent from my SM-S948B using Tapatalk

Скутерот ми е баш за градско движење, претежно до работа и назад јер паркинг нема ни да си платам. Не планирам да одам на автопат со него - си ја сакам удобноста на кола.
Папаки имам дома, го вози син ми, не ми се допаѓа искрено полуавтоматикот инаку да иде накај 80-90. Сакам постабилен скутер со АБС минимум јер сум скоро 50ка и не мислам да се глупирам.
Затоа и ми се тие модели во потесен избор. 50-ка прекинав да гледам кога сфатив дека ако треба да избегнам бош ситуација боље да се симнам и да подгурнам малку.  ;D
@igooor07 купи Voge SR1, засега е задоволен. Ѕирни го и тој како опција.

Sent from my SM-S948B using Tapatalk


Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1518
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3947 на: 25 Октомври 2026, 23:16:59 pm »
@
Zontes, Suzuki burgman и било кој други незнам која е логиката да се офрчиш три и кусурот илјади евра за нешто што едвај оди стотка со мачење,  било кое од оние генерични "Папаки" модели одат исто, само се едно две и пол илјади евра поефтини. А и не до полагаш ништо нит регистрираш. Ако ти е малце, има биг бор китови за 50-100 евра 150цц +двете ѕвезди на преносот,ќе извадиш уште некој коњ и крајна плус.
Затоа што не е се во крајната брзина. Не верувам дека било кој што гледа да купи 125цц за да го вози со Б категорија е заинтересиран да победува на трки.

Поентата е полесно функционирање, а со скутер кој има простор под седиштето и дополнителен куфер, како и заштитата од ветер што ја имаат од пластиките го прави далеку подобра опција од папаки. Ако се земе во предвид и дебелината на гумите кај скутерите наспрема папаки, како и АБС и други додатоци, нема никаква споредба помеѓу нив.

Sent from my SM-S948B using Tapatalk

Скутерот ми е баш за градско движење, претежно до работа и назад јер паркинг нема ни да си платам. Не планирам да одам на автопат со него - си ја сакам удобноста на кола.
Папаки имам дома, го вози син ми, не ми се допаѓа искрено полуавтоматикот инаку да иде накај 80-90. Сакам постабилен скутер со АБС минимум јер сум скоро 50ка и не мислам да се глупирам.
Затоа и ми се тие модели во потесен избор. 50-ка прекинав да гледам кога сфатив дека ако треба да избегнам бош ситуација боље да се симнам и да подгурнам малку.  ;D


мора да е нов ?
разгледај половни, често можеш да начекаш и малце возен, релативно нов, за солидна сума.
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8414
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3948 на: 26 Октомври 2026, 00:09:23 am »
На скутер поголем проблем ќе ти биде ветер и големина на гуми (стабилност) на автопат. Инаку сите 100ка одат , не им е проблемот, финтата е кога ќе те затера камион со 95, ќе останеш позади него до прва патарина..

Vespa GTS 125 од поновиве со iget машини, има убави китчиња од Malossi, 183cc се праи, и си пичи комотно со автопатски брзини, ем можеш и секундарниот преност да го смениш, па на 110 веќе и да не си со пуна гас, туку лаганица со пола гас да си возиш а максимална може и над 120. Што би се рекло, веќе си спремен да се пуштиш и надвор од град без мака.
Колку што видов со Б категорија и потврда не си ограничен да не возиш на автопат, значи може комотно македонијава да се поминува.
Сигурно и други има, Yamaha Nmax има добра поддршка од Malossi исто 183цц кит, постарите веспи 125 со LEADER мотор do 220cc, само таква не ми се гледа, пошто е без ABS..
Опциите се многу добри со 125-ка, да се напраи растеретена 180-ка/200-ка, поготово со водено ладење и абс/аср, тоа е веќе употребливо и за надвор од град. Тоа го нема со папаки мапаки и сл.
Секогаш толку добри информации

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6222
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3949 на: 26 Октомври 2026, 10:55:16 am »
Ако веќе буџетот ти е ограничен а сакаш да е водено ладење,абс и инџекшен гледај го Volta RSX7 125(150ка ) за околу 2300е


Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5862
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3950 на: 27 Октомври 2026, 12:34:08 pm »
гумите да, не се толку дебели ама пак се 17ки, на скутерите се 12ки.
На кој се 12-ки друже? Не збориме за yamaha jog :)  Веќе кај 125-ките се минимум 14-15 па одат докај 17(напред) за појаки модели како Зонтес 368 г2. Папакито не можеш да го споредиш со скутер во тој ранг, може да оди и 200 ако сака, тенекија си е тенекија. Целта на крајот од денот не е крајна брзина туку меѓузабрзување и практичност. Ниту има вожња, ниту амортизација, ниту има кочници како што треба, ниту удобност, ниту има абс, ниту простор под седиште, нема ништо. И штракаш со ногата како улав што е тотално непрактично ако целта ти е локална вожња низ град. Единствена предност е што е ефтин и исплатлив особено за достава. И затоа ги има толку :)

Ако веќе се оди на поефтина варијанта и буџет не дозволува Хонда, Јамаха и слично би се задржал на Сим, Воге, Зонтес. Толку. Волта, генерик мегерик, педа, гусите итн  би заобиколил...
« Последно менување: 27 Октомври 2026, 12:47:33 pm Allexxander »

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7306
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3951 на: 28 Октомври 2026, 15:56:16 pm »
Ако ти е за низ град, барај што помал како Симфони. Со макси моделите потешко ќе се моташ низ сообраќај.

Јас би одбрал некој Сим, Кимко...
Абс, опреми, џиџи миџи..се е џабе ако има гличеви.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9647
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3952 на: 28 Октомври 2026, 18:50:57 pm »
Abe kako ne jas so KTMot se pletkam niz koli ne pa maxi skuter

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22468
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3953 на: денес во 12:35:20 »
ИТАЛИЈА ЌЕ КАЗНУВА АКО ВОЗАЧИТЕ НЕ ИМ ОСТАВАТ ПРОСТОР НИЗ ГУЖВАТА НА МОТОРЏИИТЕ

Италија подготвува значајни промени во сообраќајните правила со кои сака да ја подобри безбедноста на мотоциклистите и да го олесни движењето низ густите сообраќајни метежи. Според предложените измени на италијанскиот Закон за безбедност во сообраќајот, возачите на автомобили ќе имаат обврска да остават слободен простор меѓу возилата кога сообраќајот е блокиран, овозможувајќи им на мотоциклите и скутерите полесно да поминат.

Предвидените казни за непочитување на оваа обврска се движат од 80 до 320 евра, а возачите би можеле да изгубат и два поени од возачката дозвола. Сепак, важно е да се напомене дека станува збор за законски предлог кој сè уште поминува низ парламентарна процедура и не е стапен во сила.

Нова организација на сообраќајот во метежите

Предложеното правило предвидува возилата во услови на густ сообраќај да остават слободен коридор меѓу лентите. Возачите во левата лента треба да се поместат кон левата страна, додека оние во десната лента треба да остават простор кон десната страна. На тој начин се создава слободен премин низ кој можат да се движат мотоциклите и скутерите.

Ова решение е особено важно во големите италијански градови, каде што сообраќајните метежи се секојдневие. Рим, Милано, Неапол и Торино се соочуваат со голем број автомобили, ограничен простор за паркирање и значителен број возила на две тркала.

Мотоциклите и скутерите претставуваат важен дел од градскиот транспорт во Италија. Поради нивните помали димензии, тие можат полесно да се движат во урбани средини, но истовремено се изложени на поголем ризик при нагли промени на насоката на автомобилите и ненадејно отворање врати.

Колкави ќе бидат казните?

Една од најзначајните новини во предложените измени се финансиските санкции. За возачите кои нема да го почитуваат правилото за оставање слободен простор се предвидуваат казни од 80 до 320 евра, како и одземање два поени од возачката дозвола.

Дополнително, предлогот предвидува и посебни услови под кои мотоциклите и скутерите би можеле да ја користат лентата за итни случаи на автопатите во ситуации на сообраќајни застои или инциденти. Ова би било дозволено само во рамките на утврдените услови и без попречување на возилата на итната помош.

Важно е да се направи разлика меѓу новите предложени правила и постојните сообраќајни прописи. Додека законските измени не бидат конечно усвоени и објавени, важат досегашните правила.

Зошто Италија се одлучува на ваков чекор?

Главната причина е подобрување на безбедноста на најранливите учесници во сообраќајот. За разлика од возачите на автомобили, мотоциклистите немаат каросерија што може да ги заштити при судир. Дури и помал контакт со друго возило може да предизвика сериозни последици.

Создавањето слободен коридор не е наменето само за побрзо движење на мотоциклите, туку и за подобра организација на сообраќајот во услови кога колоните се неподвижни. Слични принципи на создавање коридор за итни служби веќе постојат во повеќе европски држави.

Што значи ова за Балканот и Македонија?

Во балканските земји, мотоциклите и скутерите сè повеќе се користат како алтернатива на автомобилите, особено во поголемите градови. Во Скопје, каде што во одредени периоди од денот сообраќајот е значително оптоварен, возилата на две тркала претставуваат практично решение за дел од граѓаните.

Сепак, со зголемувањето на бројот на мотоцикли се зголемува и потребата од подобра сообраќајна култура. Возачите на автомобили треба внимателно да ги следат ретровизорите и да избегнуваат ненадејни промени на лентата, додека мотоциклистите треба да ги почитуваат ограничувањата на брзината и сообраќајните правила.

Италијанскиот предлог може да послужи како пример за поширока дискусија во европските земји за тоа како да се подобри соживотот меѓу автомобилите, мотоциклите и останатите учесници во сообраќајот.

Заклучок

Промените што ги подготвува Италија покажуваат дека современите сообраќајни политики сè повеќе се насочуваат кон заштита на сите категории учесници во сообраќајот. Иако предложените казни се значителни, главната цел не е финансиско казнување, туку создавање побезбедни услови за движење.

Доколку измените бидат конечно усвоени, Италија ќе воведе дополнителна обврска за возачите во услови на метеж, со што ќе се направи чекор кон подобра организација на градскиот сообраќај и поголема заштита на мотоциклистите.

https://avtomoto.mk/italia-ke-kaznuva-ako-vozacite-ne-im/