@velestrumf не се секирај има тоалетна, домаќинска куќа е ова
Инаку јас едно имам да кажам, сите си имаме различни вкусови и работи што ги преферираме во животот па тука спаѓаат и колите што ги возиме. Е сега, секој својата кола без разлика што модел и бренд е си ја гледа низ сопствена призма така да, да речеме дека е субјективно да збориме дали некоја чини или не чини. Лично ќе земам од мене, има работи на Голфот што не ми се допаѓаат но ги занемарувам бидејќи целокупниот пакет ми е лично задоволство и ми става насмевка на лицево кога ја возам.
За фотосесија и статии ете го класниот
@zeroSignal и
@Deni, доколку изразат желба да одвојат простор за моите коли и општо тоа што спремам во гаража не е проблем од моја страна, и секако дека би било интересно доколку сето тоа се направи во некој серијал на стории и тестови. Еве предлог, нека објави класниот слики од пријавени колеги форумџии за кои што би сакале да прочитаме ќе гласаме демократски и нека си направи човекот еден серијал на статии.
Знам дека јас со задоволство би читал.
П.С. Ако
@Deni ја слика колата се надевам ќе престанете да ме тепате уште слики да објавувам