Автор Тема: НАУКА (Астрономија)  (Прочитано 195765 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
НАУКА (Астрономија)
« на: 01 Ноември 2011, 10:11:47 am »
Темава ја отворам за љубителите на астрономијата, физиката, астро-физиката, астрономската фотографија, космологијата и останати астрономски дисциплини. Кога ќе имам подготвено одредени текстови ќе ги постирам тука исто како и на сајтот www.astronomija.com.mk
Бидејќи темава е моја специјалност и обсесија, со задоволство можам да дискутирам на истата. Прашања се добредојдени.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1 на: 01 Ноември 2011, 10:13:50 am »
За почеток еве една интересна тема: http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2728
На линкот за Повеќе имате повеќе информации за темата. Се надевам многумина од вас се прашуваат зошто е тоа така.

Уште една тема: нова научна дисциплина наречена ретроградна астрономија: http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2722

За љубителите на фотографијата (штрумф и дени): http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2718
Вакви сесии имаме многу со резултати од кои многумина ни завидуваат

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54666
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #2 на: 01 Ноември 2011, 10:27:25 am »
Фаланга како го објаснуваш скратувањето на димензиите при патување со брзини блиски до онаа на светлината? Покрај временската дилатација која го успорува течењето на времето во објектот кој патува, се јавува и скратување на димензиите односно скратување на патот кој се изминува и скратување на објектот кој патува?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #3 на: 01 Ноември 2011, 10:31:10 am »
Фаланга како го објаснуваш скратувањето на димензиите при патување со брзини блиски до онаа на светлината? Покрај временската дилатација која го успорува течењето на времето во објектот кој патува, се јавува и скратување на димензиите односно скратување на патот кој се изминува и скратување на објектот кој патува?
Дени, многу малку луѓе можат да го објаснат тоа. Јас не се ни обидувам да го објаснам тоа. Таа тема ја гледам како во магла бидејќи факт е дека уште и не е истражена како треба. Се сведува на чисто теоретска физика, така да... можеби експериментот на ЦЕРН со LHC ќе даде одговор на твоето прашање :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54666
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #4 на: 01 Ноември 2011, 10:47:15 am »
Аха во ред. А на пример дали имаме некакви познавања зошто ентропијата во минатото била многу ниска, и со текот на времето само се покачува? Тоа е единствена разлика меѓу минатото и иднината, математички. Дали текот на времето е само зголемување на ентропијата, според вториот закон на термодинамика?


Втора работа, при експлозија на ѕвезда. Во кој момент имплозијата се претвора во експлозија и што го причинува тоа? Кога зборуваме за супернови.


И уште едно, нели црните дупки имаат масивна гравитација од која ни фотоните неможат да избегаат? Епа како е возможно некои црни дупки да зрачат енергија од половите во вид на електромагнетно зрачење, нешто слично како пулсари?

Имам уште некои прашања, ако не те мрзи... :)


P.S. На линкот за менување на саатот, пишува Русија, а тие не го менуваат времето веќе. Се опаметија.
« Последно менување: 01 Ноември 2011, 11:09:31 am Deni »

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #5 на: 01 Ноември 2011, 11:04:48 am »
А бе Deni, исувише стручни прашања му поставуваш, че го збуниш... ???

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #6 на: 01 Ноември 2011, 11:11:10 am »
Аха во ред. А на пример дали имаме некакви познавања зошто ентропијата во минатото била многу ниска, и со текот на времето само се покачува? Тоа е единствена разлика меѓу минатото и иднината, математички. Дали текот на времето е само зголемување на ентропијата, според вториот закон на термодинамика?
Самиот закон базира на на тоа дека ентропијата е неповратен процес. Од самиот Big band ентропијата е на сила и нема враќање назад. Тоа ти е на пример ако земеш една капка парфем и ја ставиш на маса, таа ќе испари и ќе се разнесе низ собата. Ама повратниот процес од мирисот во собата да го вратиш назад во една капка е невозможно бидејќи интеракциите ма разните материи е бескрајно сложена. Така да според тоа јас мислам дека ентропијата ќе продолжи да важи се додека не се докаже дека спротивното е возможно

Цитат
Втора работа, при експлозија на ѕвезда. Во кој момент имплозијата се претвора во експлозија и што го причинува тоа? Кога зборуваме за супернови.

Во случајот на сите звезди постои константна војна помеѓу гравирацијата (која пробува да ја колабира звездата) и радијацијата и конвекцијата (која делува обратно тоест пробува ад ја разнесе ѕвездата). Во моментот кога ќе почне да се создава железо (како хемиски елемент) по пат на фузија во јадрото на ѕвездата тогаш железото почнува да ја абсорбира во голема мера енергијата на радијација и конвекција. Тогаш гравитацијата преовладува и создава енормно големи притисоци и температури во јадрото. Токму тоа е потребно да започне железото фузија во наредниот елемент. Во првиот делод секундата кога ќе почне железото да се фузира во наредниот елемент (под дејство на зголеменото количество притисок и топлина) веќе силите на радијација и конвекција за огромна маргина ја надминуваат силата на гравитацијата и тоа е моментот кога супер новата иде во курац. Експлодира со огромна енергија, многу пати поголема од енергијата која ѕзвездата ја емитувала во текот на целиот свој животен век.


Цитат
И уште едно, нели црните дупки имаат масивна гравитација од која ни фотоните неможат да избегаат? Епа како е возможно некои црни дупки да зрачат енергија од половите во вид на електромагнетно зрачење, нешто слично како пулсари?

Имам уште некои прашања, ако не те мрзи... :)

Фотоните се сметаат за материја и имаат маса. Електромагнетното зрачење, тоест електромагнетните и гравитационите силови линии се енергија и на нив не влијае искривувањето во време-просторот (со други зборови гравитацијата) бидејќи тие немаат маса.
Црните дупки се интересни за проучување бидејќи магнетните силови линии можат одредени честички кои теоретски имаат маса да ги забрзаат уште повеќе со што би избегале на гравитацијата на црните дупки, но ова е сеуште во фаза на теоретски модел, на ниво на теорија а не на ниво на аксиома. Се надеваме дека LHC ќе даде одговор на ова прашање.

Имам време за секакви прашања.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54666
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #7 на: 01 Ноември 2011, 11:14:26 am »
Фаланга тоа за РУсија горе, во П.С.

А железото е најстабилен елемент, како може од него да има фузија во друг елемент? Сите молекули тежат да станат железо...?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #8 на: 01 Ноември 2011, 11:19:04 am »
Фаланга тоа за РУсија горе, во П.С.

А железото е најстабилен елемент, како може од него да има фузија во друг елемент? Сите молекули тежат да станат железо...?
Не железо туку Олово. Оловото е најтешкит стабилен елемент кој не е радиоактивен.. Во случајот со Суперновите железото е елемент со соодветни физички својства (оние кои го тераат на фузија) што по некоја СЛУЧАЈНОСТ одговара на условите кои владфејат во јадрата на суперновите. Ова е математички сосем точно и е аксиом, тоест факт повторлив многу пати. Ова треба да го прифатиш како факт бидејќи ако пробаш математички да го докажеш ќе се соочиш со многу огромни бројки и сложени формули (што не е невозможно, луѓето практично го докажале ова).

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #9 на: 01 Ноември 2011, 11:22:29 am »
Заборавив да кажам дека во моемнтот на експлозија на супервовата, железото не се фузира во наредниот елемент (мислам дека беше кобалт) според периодниот систем на елементи туку хаотично во сите елемнти кои се познати а се потешки од железото, како на пример, злато, сребро, олово, ураниум, плутониум и останатите радиоактивни елементи. Бидејќи радиоактивните елементи се многу масивни и „слабите“ и „силните“ атомски сили не се доволни да ги задржат во целина, се распаѓаат и ултимативно се претвораат во олово кој е најтешкиот стабилен елемент.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #10 на: 01 Ноември 2011, 11:26:39 am »
P.S. На линкот за менување на саатот, пишува Русија, а тие не го менуваат времето веќе. Се опаметија.
Во принцип саатот се менува заради една едиствена цел: заштеда на електрична и топлинска енергија. Саатот се поместува за да се поклопат (колку што е можно повеќе) работниот ден на луѓето и дневната светлина. Секоја земја индивидуално избира дали ќе го поместува времето или не. Ако не се лажам и Бразил не го менува времето но не ме држи за збор.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54666
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #11 на: 01 Ноември 2011, 11:28:09 am »
Не мислев на олово туку на Железо. Тоа знам зошто тоа има најоптимална енергија на врзување. :) Фисија се случува на сите под железо и фузија на сите што се над железо. Секогаш. :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #12 на: 01 Ноември 2011, 11:31:21 am »
Не мислев на олово туку на Железо. Тоа знам зошто тоа има најоптимална енергија на врзување. :) Фисија се случува на сите под железо и фузија на сите што се над железо. Секогаш. :)
Да, веројатно има анјцврсто јадро и тоа објаснува зошто е потребно огромно количество на енергија (температура и притисок) за да се случи фузија на железото и објаснува како е можно да абсорбира толку големо количество на енергија.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54666
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #13 на: 01 Ноември 2011, 16:54:48 pm »
1: Што сметаш дека претставува Гравитацијата? Зошто само таа нема поларитет туку работи во една насока? Дали гравитацијата е само уште една димензија, во која се зафатени објектите, во стил на платно на кое стојат и натежнуваат? Дали и времето може да го земеме како димензија тогаш? Зошто темната материја има своја гравитација, а навидум нема маса?

2:Доколку космосот е бескраен зошто небото не е светло туку темно? Ако светлината која доаѓа од сферата со радиус една светлосна година е бројка 10, тогаш светлината која би требало да доаѓа од следната сфера со радиус две светлосни години треба да е исто толку, заради тоа што тие ѕвезди се двојно подалеку и се потемни, но и волуменот кој го опфаќаат е соодветно поголем па бројката се задржува да е константна. Дали ние гледаме само онолку далеку колку што е стар универзумот, односно само 13 милијарди светлоссни години од нас? Но, универзумот не бил секогаш ист, тој расте, и се се оддалечува, па соодветно треба да се менуваат и законите на простирање на светлината?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #14 на: 01 Ноември 2011, 17:04:01 pm »
Не е точно дека темната материја нема маса. Во принцип окулу 70% од масата во вселената отпаѓа на темна материја.
Гравитацијата не е дефинирано што е. Еден модел е дека е искривување на густината на просторот. Сепак густината е особина на материјата а не на вакуумот, што од друга страна сугерира дека сепак вакуумот е полн со нешто што има густина (темна материја?). Тоа што спомнуваш поларитет неми е познато а и немам слушнато дека поларитетот е повзан било како со гравитацијата. Поларитетот е поврзан со магнетизмот. Гравитацијата и магнетизмот се две фундаментални сили и би требало да се сосем независни една од друга без да влијаат меѓусебно на ниеден начин.

Под димензија се подразбира субјективна замисла на состојба во која се наоѓа материјата и енергијата. Ако се земе дека просторот е создаден од три димензии на просторот тогаш може да се каже дека и времето е димензија бидејќи материјата опстојува низ некој временски период односно траење, со други зборови опишува состојба во која се наоѓа материјата. Така да мислам дека може да се нарече димензија.