Каква врска има Дени со муабетов? Или колку да се испровоцира реакција?
Енивеј..
Кога веќе прашуваш за i20, Yaris итн, некакви реални спортски перформанси не можеш да очекуваш. Новиот Јарис е интересен, и е поголем од сегашниот, но цената му е висока (како и на секој нов модел). Од друга страна, не дека i20 е лошо возило, туку визуелно ми е копија на Corsa, па затоа не го сакам. Уствари и одлично возилце е, и моторот е добар, али кај мене дизајнот игра многу голема улога.
Од друга страна, ја обожавам Фиестата, и сметам дека е најубаво возило во класата. Квалитетот на изработка е одличен, а ако се сметаш за човек што сака возење, тогаш дефинитивно е најдобар избор. Има одлично подвозје и држење, но кај нас ја носат со застарени (и недоволно моќни) мотори. Сепак, да е моја, секое сабајле кога ќе ја видам, ќе се израдувам, за разлика од Јарис (кој секој пат кога ќе го видам, дел од мене умира) или i20 (кој кога и да го видам, ми личи на Corsa).
Fiesta 1.25 со 82 коњски сили (и три врати) е 8990 евра. Моторчето е одлично (го има развиено Јамаха за Форд), и е прилично економично, а Фиестата изгледа прекрасно.