Здраво дечки, да не отварам нова тема.
Последно време приметив на голфот кога чекам на семафори во лер, гасот се подига и работи на 950 вртежи(обично е на 650 вртежи) одредено време и после се намалува. Обично ова кога возам пократки тури.
Колку што се едуцирав нешто, испаѓа дека може да е проблем со недостаток на струја, па моторот дига вртежи за да надокнади. Ова ми дојде како идеја поради што приметив дека кога паркирам навечер и ако не додадам доволно гас, светлата се намалуваат.
Напраив кратка проверка со мултиметар. Кога е угасена после стоење, акумулаторот покажува 12.20/12.25 волти. При палење паѓа до кај 8 и нешто волти и кога работи моторот се движи од 13.8 па се до 14.1 а некогаш и повеќе. Овие тестови се со исклучени сите потрошачи (светла, радио, вентилација).
Мислење од поупатени дечки, можно е ова што го пишувам или да си го барам проблемот на друго место ??
Фала унапред