Автор Тема: Проблем со акумулаторот  (Прочитано 3485 пати)

Отсутен dime01

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Проблем со акумулаторот
« на: 17 Февруари 2017, 19:45:07 pm »
Дечки случајно забележав дека плус клемата на акумулаторот ми грее кога работи колата, дали е тоа нормално и доколку не е што може да е проблемот? Иначе акумулаторот е нов и клемите се чисти.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Проблем со акумулаторот
« Одговори #1 на: 17 Февруари 2017, 20:07:00 pm »
Конекторот. Жицна што ојт в конектор да не е "изџвакана". Лабава клемата да не е.
Ако ти пали слабо нормално е да загрее ама не многу, сепак треба да го средиш палењето, али ако е нешто над млако(40+) тогаш веќе е проблем... Да не е загреана од работа на моторот? Ако си ја возел 2 саати во ред е цел алумулатор да е загреан т.е. да примил некоја топлина али сепак не да е 50*C....

Отсутен dime01

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Проблем со акумулаторот
« Одговори #2 на: 18 Февруари 2017, 01:39:33 am »
Температурата се качува и над 40 сигурно, во рок од 2-3 минути работа на моторот во место, веднаш при палењето одма почнува да загрева. Иначе пред да се случи ова имав проблем со палењето и доста време ја верглав да запали, мислев дека од ладното не пали но испадна дека било филтерот за нафта, па да не е некоја последица од тоа?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Проблем со акумулаторот
« Одговори #3 на: 18 Февруари 2017, 01:44:20 am »
Па ако е нов и сега ако пали одма не би требало. Ако влече струја многу и - ќе грее додуша . Ја про ери жицата во каква ситуација е...? Кај што влегува жицата во клемата т.е. самиот спој?

Отсутен dime01

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Проблем со акумулаторот
« Одговори #4 на: 18 Февруари 2017, 23:14:12 pm »
Да испадна дека е до жицата на клемата, ги извадив и ги исчистив и сега е супер, фала многу!

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Проблем со акумулаторот
« Одговори #5 на: 19 Февруари 2017, 01:40:06 am »
На среќа погодив :)

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Проблем со акумулаторот
« Одговори #6 на: 03 Септември 2018, 13:23:36 pm »
Здраво дечки, да не отварам нова тема.

Последно време приметив на голфот кога чекам на семафори во лер, гасот се подига и работи на 950 вртежи(обично е на 650 вртежи) одредено време и после се намалува. Обично ова кога возам пократки тури.
Колку што се едуцирав нешто, испаѓа дека може да е проблем со недостаток на струја, па моторот дига вртежи за да надокнади. Ова ми дојде како идеја поради што приметив дека кога паркирам навечер и ако не додадам доволно гас, светлата се намалуваат.

Напраив кратка проверка со мултиметар. Кога е угасена после стоење, акумулаторот покажува 12.20/12.25 волти. При палење паѓа до кај 8 и нешто волти и кога работи моторот се движи од 13.8 па се до 14.1 а некогаш и повеќе. Овие тестови се со исклучени сите потрошачи (светла, радио, вентилација).

Мислење од поупатени дечки, можно е ова што го пишувам или да си го барам проблемот на друго место ??

Фала унапред

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Проблем со акумулаторот
« Одговори #7 на: 03 Септември 2018, 13:38:20 pm »

Од ова што го пишуваш, симптомите укажуваат на проблеми со регулаторот на напон (реглер).

Паркирај се во гаража близу до ѕид пред тебе. Пушти светла, ако даваш гас и интензитетот на светлата се покачува право пропорционално со додавањето гас, тоа е.

Би требало делот да го најдеш како Generatorregler и да видиш на нет дали делиш исти сипмтоми се некој друг.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Проблем со акумулаторот
« Одговори #8 на: 03 Септември 2018, 15:45:35 pm »

Од ова што го пишуваш, симптомите укажуваат на проблеми со регулаторот на напон (реглер).

Паркирај се во гаража близу до ѕид пред тебе. Пушти светла, ако даваш гас и интензитетот на светлата се покачува право пропорционално со додавањето гас, тоа е.

Би требало делот да го најдеш како Generatorregler и да видиш на нет дали делиш исти сипмтоми се некој друг.

Баш ќе проверим у гаража дали реагираат светлата на додавање гас. Знам дека кога паркирам и кога не давам доволно гас а пуштам кумплунг (т.е кога ќе ја пригушам малце), се приметува и на светлата, ама мислам тоа е ок..
Вака во место немам приметено, али пак ќе проверим. Не мислиш дека ако реглерот не е добар, нема да полни на запален мотор до 14 и нешто волти, или нема веза тоа?

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Проблем со акумулаторот
« Одговори #9 на: 03 Септември 2018, 15:56:22 pm »
Не би требало да се приметува на светлата во ниеден случај ...

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Проблем со акумулаторот
« Одговори #10 на: 03 Септември 2018, 16:12:25 pm »

Од ова што го пишуваш, симптомите укажуваат на проблеми со регулаторот на напон (реглер).

Паркирај се во гаража близу до ѕид пред тебе. Пушти светла, ако даваш гас и интензитетот на светлата се покачува право пропорционално со додавањето гас, тоа е.

Би требало делот да го најдеш како Generatorregler и да видиш на нет дали делиш исти сипмтоми се некој друг.

Баш ќе проверим у гаража дали реагираат светлата на додавање гас. Знам дека кога паркирам и кога не давам доволно гас а пуштам кумплунг (т.е кога ќе ја пригушам малце), се приметува и на светлата, ама мислам тоа е ок..
Вака во место немам приметено, али пак ќе проверим. Не мислиш дека ако реглерот не е добар, нема да полни на запален мотор до 14 и нешто волти, или нема веза тоа?

Ако реглерот е фелеричен, најчесто акумулаторот се "преполнува", и почнува да се лигави низ капачињата.

Најбрза дијагностика е да видиш дали варира напонот после подолго возење. Ако има качено волтажа над 14.4 тогаш регулаторот затајува.