Види, без европски, без записник на лице место, не може да земе ни денар од тебе. Полиција ако се вика се вика одма, чим возилата се поместени, готово бате кај сака нека пријавува. Така да нека се слика сега италјанецот. Освен што ќе те замара не може да земе пари за штетата. Постои начин, бидејќи гледам дека си фер, башка си го чекал, договорете се, седнете, направете пополнете европски и решете ја работата, мора да има зелен картон тој. Ако нема ништо не праите. Затоа и служи зелен картон, ако не извадил ќе си ја прави сам колата. За да влезе во Мк МОРА да има зелен картон, ако немал и поминал на граница, се дешава да не побараат еве НЕ може да му платат за штета. Законски. Ќе ви ги удрат клоците и на двајцата во осигурителна.