Автор Тема: Opel Meriva A 1.7 CDTI  (Прочитано 77673 пати)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #30 на: 10 Декември 2016, 15:30:48 pm »
Мал апдејт:

-направен сервис. Заменет сет ребраст каиш, клинаст каиш, антифриз, масло, филтер за масло, филтер за кабина, филтер за воздух и филтер за нафта.
-задниот лев прозор имаше скршен дел од механизамот за подигнување. Средено е и тоа.
-купени Sava Eskimo S3+ зимски гуми
-променет и термостат, беше деформиран.
-купени и раткапни за челичниве бандажи. На пролет здравје едни алуминиумски за летни гуми.
-нови брисачи напред и назад.
-променив неколку сијалички во внатрешноста (една кај командите за климата, една у гепек и една у касета).

Во меѓувреме благодарение на Џиџи и Бубе, ставена на компјутер. Проверено е за грешки и уште еднаш ја потврдивме точноста на километражата.

Брзо ќе си добие и еден сет гумени патосници за овој период од годината.

Сега за сега, тоа е тоа. У прва прилика ќе следува некое ново сликиче.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #31 на: 10 Декември 2016, 16:04:14 pm »
Браво! Стокмена топтан, спремна за семејно уживање. :)

Увек ми било импресивно колку многу простор има во Меривите.

Отсутен bubeqwerty

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 570
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #32 на: 10 Декември 2016, 16:10:41 pm »
Ме изненади колку мирно работи моторчето на Меривава. У гаража дур беше боцната на дијагностика спиеше дизелчето, браво! :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #33 на: 10 Декември 2016, 16:38:35 pm »
Срча е ...

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг:
« Одговори #34 на: 10 Декември 2016, 17:09:36 pm »
Како ја потврдивте точноста на километражата?

Sent from my SM-N920C using Tapatalk


Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #35 на: 10 Декември 2016, 17:40:35 pm »
Фала на сите, фала... Да се има малце повеќе паричка и време, ќе иде се побрзо. Али тоа е. У граници на можностите. :)

@zeroSignal: "дужиш" налепница кога ќе се видиме следен пат.. :)

@Dimac: прв пат е проверено во Италија во овластен сервис, и според документацијата на газдата.
Втор пат со некоја дијагностика од типот на Tech2 (или слична) во Бугарија.
Трет пат у гаража кај Џиџи и Бубе со OpCom. :)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #36 на: 10 Декември 2016, 17:50:40 pm »

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #37 на: 10 Декември 2016, 18:29:21 pm »
Фино. Ама ќе ми треба со 5 штрафа. :)

Нешо вакво:

http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=1676854

http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=2218907

5x110, ET43, 6J , 15ки...

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг:
« Одговори #38 на: 11 Декември 2016, 09:18:12 am »
Казан, прашав како ја проверивте километражата од следнава причина....Колега купи Зафира 2.0дти 2004 година и беше кај Пајо во Трибарево да го исклучи ЕГР-от софтверски. Пошто Пајо има огромно искуство со електроника , воедно и работел во Авто куќа, на колегава лично му го покажал следново...2та клуча ја покажуваат истата километража од 170 000км, али податоците кој што се скриени во Бош пумпата покажале реални 250 000км. Постоело и друго место за проверка на точната километража која се совпагала со таа од Бошот али не ја открил која е.

Како и да е со среќа да те служи Меривата и многу безгрижни км. 

Sent from my SM-N920C using Tapatalk


Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #39 на: 11 Декември 2016, 11:13:06 am »
Абе не викам не... Се е могуче.

Ама дури и да не верувам на компјутериве, верувам во овластен сервис од Италија и оригинални документи. Тоа ме теши. Ипак овластен сервис. Ама кој ги знае...

Како и да е, дури и да не е така нели, колата си е у супер кондиција, па колку сака нека има километри. Добро е одржувана, па да се надеваме дека ќе трае. :)

Тоа е. :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг:
« Одговори #40 на: 11 Декември 2016, 11:13:59 am »
И тоа е најважно.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #41 на: 11 Декември 2016, 11:16:21 am »
Од друга страна, на ист принцип го земав и Цитроенот, не ме изневерил до сеа. :)

И сите што се мислеле некогаш дали да купат кола од Бугарија... Ја само би рекол да идете... Нема што да изгубиш. Бугарскиот пазар у споредба со нашиов е огромен. Има кола за сечиј џеб. Има и лоши, и добри. И скапи и евтини. Кај поскапите шансите за превара се многу помали. И дефинитивно не се преваранти како што имаме слика ние тука. Еден чоек поискусен со вас, и нема грешка. Застануваш на аутопут, не ни мора на плац да влезеш. Камиони со коли стигаат секоја минута. Застануваш и ја пазариш директ од камион. Директ од Италија. Ризик - нула. :)

На крај краева, нашиве плацеви тука се далеку поризични.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #42 на: 11 Декември 2016, 11:26:06 am »
Ќе одам да го видам Голфот од Филип МК, ако не ми фати око ќе одам да гледам понов модел на Мерива или Зафира во Бугарија. Ако имам среќа да начекам добра C5-ка или 307-ка SW добро ќе биде, тоа што викаш директ од камион.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #43 на: 11 Декември 2016, 12:08:12 pm »
C5-ки немаше многу. Тие шо ги имаше беа претежно каравани, или прилично скапички. 307sw, колку сакаш и какви сакаш. Мерива, фејслифтот од мојава ги има многу. Од околу 3000е. Зависи што ти треба. Дизели, бензинци со метан... Што ти душа сака. Палиш кола, низ Ќустендил, правец Дупница. :) Паркираш кола, и ќе испешачиш 20-30км, ама без кола дома не се враќаш. :)

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Opel Meriva A 1.7 CDTI
« Одговори #44 на: 11 Декември 2016, 12:13:13 pm »
Со здравје да се вози Казанкиќ ! :)