Автор Тема: Каде да најдам брава??  (Прочитано 2220 пати)

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2781
  • Слобода или смрт
Каде да најдам брава??
« на: 22 Октомври 2011, 15:57:39 pm »
Знае некој дали може да се порача брава за палење за да одговара со мојот клуч. Оваа на кадетот се скрши тоа делчето што  излегува од неа и го врти тастерот надвор и никако неможе да се отвори за да се поправи. Или евентуално ако знаете некој отпад кај што има по некој стар опел. Би требало да одговара не сите али 1 од 5 одговара. Имаше порано комшија кадетт кај кој одговараше мојот клуч.
Би можел да ставам било каква брава ама нема да одговара истиот клуч а ни под разно не ми влегува во глава со еден клуч да отварам врати со друг да палам кола... затоа некаде ако прават по порачка би било супер.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Каде да најдам брава??
« Одговори #1 на: 22 Октомври 2011, 16:15:46 pm »
Кими тебе буренцето ти е скршено или уметакот што пресопјува за контакт и палење?

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2781
  • Слобода или смрт
Одг: Каде да најдам брава??
« Одговори #2 на: 22 Октомври 2011, 16:49:22 pm »
Од целата брава излава едно што го врти релето што се надоврзува на бравата. Е тоа што исзлева е скршено баш таму каде што испаѓа.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17562
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Каде да најдам брава??
« Одговори #3 на: 22 Октомври 2011, 17:43:21 pm »
Кими, можеш да најдеш брава, да ја расклопиш и сите делови да ги преместиш на новата, освен тој скршениот. Макотрпен процес е, ама не мора да мењаш клуч тогаш.

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Каде да најдам брава??
« Одговори #4 на: 22 Октомври 2011, 17:59:28 pm »
taa potesko se otvara, punktirana e

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2781
  • Слобода или смрт
Одг: Каде да најдам брава??
« Одговори #5 на: 22 Октомври 2011, 19:46:08 pm »
Јас неможам да го извадам целиот дел од воланот а камо ли да се отвори бравата без да се оштети. Но ако некакое е изводливо тоа би требало да се проба. Станува збор за дел кој метало бравар или клучар лесно би го направил но проблемот е во отварањето на бравата. гугл како да има некое искуство може некако да се среди?

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Каде да најдам брава??
« Одговори #6 на: 23 Октомври 2011, 00:50:47 am »
Види кими, сеа ке ти каже нешто чичо...

Опели растура кардаш... значи, влез на радишани... било кој да прашаш, го знаат... и сигурно ке имаш брави... е сеа... земи брава, што ке влага твојот клуч во нејзе... и ич кур да не ти чуе... после ке идеш кај ШАНИ стар мајстор клучар... на партизанска се наога во зградите, помегу шнајдерот и универзална

Работи доле во подрум... и него сите го знаат... поздрави го од мене, и ке ти ја преправи бравата, да ти функционира на твојот клуч

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2781
  • Слобода или смрт
Одг: Каде да најдам брава??
« Одговори #7 на: 29 Октомври 2011, 14:36:22 pm »
Најдов брава од друг кадетт во отпад тука во Штип. !200 денари со монтажа.
Но сеуште сакам да ја поправам старата за да биде истиот клуч. Може број од Шани мајсторот.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Каде да најдам брава??
« Одговори #8 на: 17 Ноември 2011, 15:42:05 pm »
Немам број, од шани... еве кој живее на Симпо нека се потруди за Кими да најде бројче од Шани...

Можеби и Осмица, има бројче...

Само да знаеш, дека чоеков е махер ... профи мајстор... е

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2781
  • Слобода или смрт
Одг: Каде да најдам брава??
« Одговори #9 на: 23 Ноември 2011, 12:14:36 pm »
Ако немате број дајте подобар опис брат ми живее во скопје па може ќе го најде.
А што се однесува до вадењето на бравата од кадетот ме мачеше затоа што намерни била скината главата на штрафот за да неможе лесно да се извади и никако неможеше да се извади мораше да ја обивам. али не ја оштетив и вака како што гледам ветува дека може да се поправи.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Каде да најдам брава??
« Одговори #10 на: 25 Ноември 2011, 12:51:31 pm »
Вака се наога на партизанска, значи коа идеш на правец од Ѓорче према Центар и пред универзална сала, во тие старите згради се наога Шани...

До не говиот влез има клупи преправени во летниковец, и тука му е сервисот, има табла на влезото од здрадата...

Неможеш да го промашиш, кој било да го прашаш тука во близина го знаат, стар мајстор е.