Многу слично на XE-то, само 20% поголемо. Нијанса подобри материјали во ентериерот. Белата боја не му стои ич, во салон имаат еден црн со исто ниво на опрема и изгледа значително подобро и поскапо.
Моторот е фин, рафиниран и мирен. Автоматикот е океј, очекувано летаргичен ради ориентираност кон економичност во нормално возење. Во спортски режим има фина промена на карактерот, иако со конкретниов мотор колата не е баш најспортска на свет.
Јас би го земал R-Sport пакетот, број поголеми тркала и би ја нарачал колава во друга боја. Германците се објективно подобри во некои работи, ама во многу работи не се. Плус колава има барем 400 кила повеќе карактер од Германците.