Автор Тема: Лагери на амортизери ?  (Прочитано 1884 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Лагери на амортизери ?
« на: 22 Август 2016, 22:35:23 pm »
Како се познаваат дали се здрави или не откако ќе се извадат ? Наместени на кола крцкаат и се сомневам во нив, затоа прашувам како да видам дали се за менување или не откако ќе ги извадам ? И дали се купуваат посебно ? За вакви се работи

https://goo.gl/images/3aOU3s

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Лагери на амортизери ?
« Одговори #1 на: 23 Август 2016, 10:52:02 am »
Има и други симптоми, не мора да крцкаат за да се отидени. Може да тропкаат исто како стабилизатор. Препорака е да се менува цел склоп, не само лагерот, затоа што во склопот има буфер гуми што со тек на време се деградираат и губат функција.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Лагери на амортизери ?
« Одговори #2 на: 23 Август 2016, 11:33:15 am »
Буфер гуми имам други здрави, ќе видам во каква состојба се овие што се на кола. Туку прашањето ми беше дали визуелно се познава дека е за менување лагерот ?  Да, има тропкање како јабучица и во возење и при притискање на колата надолу. Проверив на мајстор од кај иди тоа крцкање/тропкање и испадна дека нема ништо од подвозјето што би можело да го дава тој звук, па остана најголем сомнеж во лагерот  кој требало да се отвори за да се види. Затоа прашувам како ќе се види дали е оштетен, пошто сам планирам дома да го сменам.

ЕДИТ :

Растурен амортизерот, ставено маст на лагерот, сменета друга буфер гума/ капа и сега нема никаков звук. Ако повторно се врати звукот најверојатно ќе јади тогаш нов лагер.
« Последно менување: 23 Август 2016, 14:44:46 pm n1kola »