Ај на кратко за Дачијава:
- Седењето е никакво, неможе никако да се наместиш, и не претерувам затоа што јас во денот знам да возам по 5-6 различни коли, и се подместувам колку да можам да возам, а во оваа колку сакаш мести се неможе да се наместиш во нормална позиција.
- Седиштата се толку меки дури и ризични, они не држат туку при вртење треба да се држиш јако за воланот зошто може да паднеш лево десно како до оние топкине за седење со сингери внатре (не се заебавам за ова, башка што јас сум 120 кила момак)
- Изолација нема, ама ова не е некој минус и не ми смета ама ај да го спомнам, и Сузуки немаат ама барем возат убаво.
- При вртење во кривина, значи не во незнам каква кривина, еве рецимо од салава расадник десно на првомајска и такви каде на допунско зелено се уклучуваш на булевар каде треба малку побрзо да влезеш некогаш колата оддава чуден впечаток, застанувам бе застанувам чудна е.
- Воланот кога го вртиш како друга кола да возиш, се мислам дека јас вртам со волан а вртат тркалата на колата до мене, како да не е воланот во таа кола, никаква поврзаност.
- Моторот е 1,0 со 54кв, што не иде и не е маана, не ни очекувам да иде нели, ама кога менуваш брзини при пуштање на кумплуг сам дава гас, ова го констатираа уште два тројца колеги и викаат што и е на колава бе збудалува сама. Бензин е, а повеќе штрака и нерамномерно работи од стар дизел. За ова вчера татко ми хауба отвараше, ми вика дизелче сте земале а, бензин е бе му викам, ај за работат нерамномерна ОК три цилиндра е, ама многу штрака, и цело време бучи внатре, дали возиш 30 или 70 внатре е исто ужасно многу бучно. Рака на срце имаме Дачија Сандеро со 1,2 и тој е бетер мотор од овој, зошто и како незнам.
- Цената не е воопшто ефтина, пред мене е фактурата и таа е 617.800 денари, за малку евра плус пред некој месец Фиеста земавме, што е колиште за кантава.
- И не не патам од комплекс дека е Дачија дрн дрн, Шкода возам побогу.
Ова е мислење за Сандеро, Дастер немам возено.
едит:
- Внатре многу смрди
- тоа за подесување на светлата горе доле, е вртелешка како во самарата што имав
- И колава има Старт/Стоп систем, чудо од технологија што во оваа кола се чуди кога да работи кога не, ред неможам да му фатам.